Романо Албесиано: „Ова е доказ дека Априлија сериозно му се посветува на проектот наречен МотоГП“.

Веднаш по објавата на Сузуки дека ја прекинуваат соработката со Андреа Ианоне, тимот на Априлија објави дека тој ќе биде нивниот нов возач во следните две сезони.

IMGP7203

Андреа Ианоне ќе настапува на новиот Aprilia RS-GP заедно со Алеш Еспергаро кој веќе беше потврден како возач на тимот. Ова значи дека Скот Рединг ќе си замине од Италијанскиот тим.

За тимот ова е големо засилување, Ианоне ќе донесе искуство, брзина и желба за победа на нај високо ниво. За тимот ова е одлична можност да напредуваат, а тимот Еспергаро-Ианоне сигурно ќе им помогне да го стигнат следното ниво во МотоГП.

Back To Top