MotoGP

5 возачи кои треба да имаат навистина добра сезона

Како што се приближува стартот на сезоната 2020 од MotoGP шампионатот, ги идентификуваме петте возачи кои навистина треба да направат чекор напред оваа година.

Следете нè на:

 

Како што се приближува стартот на сезоната 2020 од MotoGP шампионатот, ги идентификуваме петте возачи кои навистина треба да направат чекор напред оваа година.

Сите имаме чувство како да помина многу време од последната трка во 2019 година која се оддржа во Валенсија, но за голем број на возачи зимската пауза дојде во вистински момент. Тоа им овозможи да размислат за годината која измина но и да се фокусираат на 2020-тата.

Секој од дваесет и двајцата возачи кои ќе се појават на патеката имаат надеж но и очекувања од новата сезона. Но кај некои возачи притисокот сепак е поголем, пред се поради тоа што на неколку од нив по крајот на оваа година им истекува договорот.

Ова се петте возачи за кои сметаме дека треба да имаат добра сезона доколку и во иднина сакаат да останат дел од шампионатот.

 DSC5395

Валентино Роси

Кај Италијанецот нема сериозна можност да го загуби местото во MotoGP сезоната 2021, но можно е годината која е пред нас да ја одлучи неговата иднина.

Иако дебатата во однос на тоа дали Роси треба да остане дел од шампионатот трае со години, пристигнувањето на Фабио Куартараро и добрата форма на Маверик Вињалес, се чини дека ги натера првите луѓе на тимот да почнат да го планираат изгледот на екипата по заминувањето на „Докторот“ .

Првите неколку трки ќе бидат од големо значење за Роси. Тој бара M1 да биде покомпетитивен и да има поголема максимална брзина. Сепак, првите индикации ни велат дека нема големи промени.

Доколку Роси биде изенадчен со Куартараро и Вињалес, тоа сигурно ќе делува позитивно и одлучувачко во однос на тоа дали ќе потпише нов договор или пак ќе се повлече од трките.

 DSC4994

Франко Морбидели

Petronas SRT Yamaha сигурно ќе очекува многу од Франко Морбидели во 2020-та година откако минатата сезона тој беше засенет од тимскиот колега Фабио Куартараро.

Но според Морбидели, сезоната 2019 преставувала голем исчекор напред во однос на 2018 година кога настапуваше со слабиот мотоцикл на Marc VDS Honda. Всушност, минатата сезона четири пати стартуваше од првиот ред а 11 трки ги завршуваше меѓу најдобрите шест возачи.

Но иако имаше добар настап на квалификациите во сабота, трките во недела не завршуваа според очекуваното. Исто би можело да се каже и за Куартараро кој имаше шест пол позиции но ниту една трка не ја заврши на првото место.

Иако минатата сезона воопшто не беше лоша за Морбидели, сепак тој е возачот врз кој има најголем притисок во Yamaha.

 DSC3054

Данило Петручи

Кога Данило Петручи стигна до првата MotoGP победа на домашната патека на Ducati, малкумина веруваа дека по завршувањето на сезоната тој би можел да се бори за својата иднина.

Сепак, после оваа трка се чини дека неговата форма и добриот настап исчезнаа. Оваа победа не беше изненадување со оглед на местата на подиумот кој ги освои во Франција и Каталонија. Но после летната пауза, најдобар пласман му беше седмата позиција.

А додека неговата форма беше во надолна линија, Џек Милер постигнуваше се поголем успех. На крајот на сезоната, Австралиецот имаше пет подиума додека пак Петручи само три.

Италијанецот освои 55 поени во вториот дел од сезоната а годината ја заврши со предност од само 11 поени во однос на Милер. Иако Ducati ги отфрли наводите дека Милер ќе го преземе местото во фабричкиот тим во сезоата 2020, Петручи сигурно ќе се соочи со огромен притисок уште од првата трка која ќе се вози во Катар. Покрај Милер, за место во тимот ќе се борат и Пеко Бањаиа како и Јохан Зарко кој оваа сезона ќе настапи за Avintia.

Во последниот период се појавија и гласини дека Ducati би можел да се обиде во тимот да го донесе Маверик Вињалес или Фабио Куартараро.

alex marquez repsol honda team

Алекс Маркез

Иако Алекс Маркез изјави дека преминот во Repsol Honda преставува исполнување на неговиот сон, оваа одлука сигурно ќе му донесе и огромен притисок. Можеби настапот на Хорхе Лоренцо во сезоната 2019 не беше премногу добар, Маркез сигурно ќе се соочи со притисок и ќе се обиде да биде добра поддршка за неговиот брат.

Едногодишниот договор нема да му овозможи голем период на адаптација. Но фактот дека во новата сезона имаме само двајца нови возачи кои ќе настапат со нетолку конкурентниот мотоцикл на КТМ, ни навестува дека помладиот од браќата Маркез лесно би можел да ја освои наградата за дебитант на годината.

Освен ако не паѓа премногу или пак заостанува неколку секунди зад најдобриот резултат, Маркез не би требало да се грижи за својата иднина. Но дали тоа ќе биде доволно да се замолчат критичарите останува да видиме.

 DSC3208

Андреа Ианоне

Во моментов, се уште не знаеме дали Андреа Ианоне ќе биде дел од шампионатот и во сезоната 2020. Но и без целиот скандал со кој е поврзан, Италијанецот се соочуваше со голем притисок пред се поради слабите резултати од минатата сезона.

Доколку му е денот тогаш тој е неверојатен возач а тоа го демонстрираше на трката во Австралија кога го освои шестото место, што воедно беше и најдобар пласман на Aprilia минатата сезона.

Засега се уште не се знае каква ќе биде конечната одлука во однос на суспензијата со која се соочува, но според моменталните информации, тој и онака немаше да биде дел од шампионатот во 2021-ва година.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

„Можеби за време на тестот нема да можам да го извозам планираниот број на кругови“ – Марк Маркез

„Yamaha работи напорно и ќе се обиде уредот да биде готов за тестот во Малезија“- Маверик Вињалес

Компанијата Мото-Пром од Гевгелија од неодамна е новиот увозник на брендот Кавасаки за Македонија.

Макс Биаџи и Хју Андерсон ќе му се приклучат на Хорхе Лоренцо и оваа сезона ќе станат дел од MotoGP Legends листата.

Стартот на оваа година веќе ни навестува дека таа ќе биде многу интересна и возбудлива, особено за Motul. 

„Имам слушнато многу работи за Кени Робертс, дека тој е еден од возачите кој го има променето самиот концепт. Марк е ист како него, тој го промени начинот на кој возиме“ – Данило Петручи.

Реклами

Листа на мото настани

  • 22 Февруари 2020 - 22 Февруари 2020
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.