Прототипот RC213V-S кој Хонда го покажа на саемот „EICMA“ во Милано денеска беше претставен на јавноста како прв продукциски мотор кој ќе биде најблиското нешто до МотоГП мотоцикл.
Импресивната линија „Yard Built“ се дополнува со новиот модерен XV950 ‘Playa del Rey’ како и со кафе рејсер концептот XJR1300 ‘Dissident’ изработени од португалската куќа „roCkS!bikes“
Кавасаки неодамна одржа прес настан за новите Ninja H2 и H2R 2015 на патеката Лосаил во Катар. На интернет веќе почнаа да протекуваат првите видеа од тестовите, а во продолжение ќе најдете едно видео на кое нема да останете рамнодушни.
Со цел да ја одбележи 30 годишнината од првиот Yamaha VMAX модел, фабриката одлучи да оствари соработка со германската компанија „JvB-moto“ која го подготви специјалниот VMAX Yard Built "INFRARED".
Дукати направи фантастична забава за презентацијата на новиот Scrambler во Италија. Бевме дел од одбрана група која уживаше во италијанската префинетост, стил и начин на живот наречен Ducati Scrambler.
Во Јапонија кога ќе се роди бебе традиција е да се завитка во кимоно проследено со молитва за здрав и безбеден живот. Во вторникот на саемот „EICMA“ во Милано, Јамаха ги приреди истите почести за нивното ново чедо, YZF-R1 2015.