Заради притисокот од јавноста за датумот на појавување на новиот модел, но пред се од маркетинг причини Јамаха објави дека на почетокот од 2014 година Индија ќе има прилика прва да го добие новиот модел.

Yamaha-YZF-250-R4

Иако недостасуваше на саемот за мотори во Милано, на саемот во Токио можеше да се види тркачката верзија на YZF 250 R4, наречена R25. 

Заради притисокот од јавноста за датумот на појавување на новиот модел, но пред се од маркетинг причини Јамаха објави дека на почетокот од 2014 година Индија ќе има прилика прва да го добие новиот модел. Азискиот пазар е интересен за производителите на мотоцикли заради големата побарувачка, а сегментот во кој ќе биде вклучен и новиот модел на Јамаха е нај продаван.

Со цел да спречи преплавување на Индискиот пазар со новите модели на KTM, Јамаха најави и цена од приближно 2000 евра за Индија, како и три бои во кои ќе биде достапен моделот: црвена, жолта и црна.

Новиот модел ќе го задржи фантастичниот дизајн на Yamaha R6, истиот резервоар, предната маска и фарови, ретровизори, па дури и седиштето е исто. Секако она што е под оклопите е важно, а тука ве очекува агрегат со два цилиндри (четири вентили по цилиндар) со зафатнина од 250cm3 кој развива 32ks. Јамаха потврди и дека новиот модел ќе има 6-степен менувач.

Сеуште нема официјални податоци за тоа кога моторот ќе се појави на Европскиот пазар, а со тоа и во Македонија, но штом добиеме информација ќе Ве информираме.

Back To Top