Сигурно не ни забележавте дека Honda NM4 ја нема на листата на модели за 2017 година. Но овој мотоцикл ќе се врати за сезоната 2018.

Сигурно не ни забележавте дека Honda NM4 ја нема на листата на модели за 2017 година. Но овој мотоцикл ќе се врати за сезоната 2018.

Првиот модел кој е веќе најавен за следната година е токму Honda NM4, а на тоа веројатно влијаеше и фактот дека овој мотоцикл е дел од филмот „Ghost in the Shell“.

honda nm4 1 concept

NM4 нуди уникатно искуство на возење, а го има и 670cc „parallel-twin“ моторот со водено ладење кој може да се најде и кај Honda X-ADV авантуристичкиот скутер.

„Од време на време Honda нуди не толку конвенционални модели како што се Pacific Coast, Rune, Big Ruckus и DN-01,“ изјави Ли Едмундс, одговорен за маркетинг и комуникации во Honda America.

„NM4 е дел од оваа традиција и иако овој мотоцикл не е за секого, изненадувачки е колку е разновидна популацијата на која и се допаѓа овој модел. Оние кои ќе го купат овој мотоцикл планираат да поминат многу време со него.“

Мотоциклот ќе може да се најде на пазарот кон почетокот на следната година, препорачаната почетната цена ќе му биде околу 10.500 евра, а ќе можете да го добиете во која боја сакате....се додека таа е црна.

2014 Honda NM4 Vultus 13

Back To Top