Мотоцикли

Новитет: BMW R nineT

На саемот „EICMA“ во Милано имавме можност да се запознаеме со новитетот од BMW наречен BMW R nineT.

Следете нè на:

 

bmw-eicma2013-11BMW R nineT

На саемот „EICMA“ во Милано имавме можност да се запознаеме со новитетот од BMW наречен BMW R nineT

Имавме прилика да го видиме на слики пред саемот, но запознавањето одблиску е вистинската работа. Можноста да се воодушевите на германската мајсторија на дофат на рака е бесценета, па додека да пристигне моделот во салонот на Динамикс во Скопје, ќе се обидеме да ви ги пренесеме впечатоците.

bmw-eicma2013-12BMW R nineT

Целиот проект околу новиот модел е по повод 90 годишнината од постоењето на BMW. Моделот ја истакнува боксер машината како и различните модели кои биле по нешто карактеристични низ годините. Сето тоа спакувано со нова технологија, но главниот адут на моторот е можноста за брза промена според потребите на возачот.

Едоставен, олд скул изглед кој ќе ги направи среќни сите љубители на кастм моторите. Моделот од фабрика доаѓа со можност за отстранување на задното седиште, додавање на алуминиумски додаток кој ќе го претвори во Кафе Рејсер или пак продолжетоци за задни ногарки. Секако додатоците не се бесплатни, но можноста за нивно едноставно монтирање е одлична.

Идејата околу персонализиран мотор провејува низ сите делови на новиот NineT. Издувот кој е поставен на левата страна нуди опција во зависност од вашата желба, да биде во форма на двоен издув со пригушувачи, или пак продолжена цевка изработена од „Akrapovic“.

Агрегатот е со зафатнина од 1170цц со воздушно/уљно ладење спакувано во дво-цилиндричен боксер мотор кој развива 110кс. За да го надополни концептот на старите BMW R32, новиот nineT доаѓа со црни жичани бандажи, но модерниот дел е видлив на предницата каде се забележливи фантастичните апсајд-даун вилушки. 

Новиот модел се очекува да пристигне во Македонија на почетокот од следната година кога ќе имаме прилика да го провозиме. До тогаш, уживајте во сликите и видеото. 

 

Би можело да ве интересира

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

„Новиот фабрички возач на КТМ, Јохан Зарко, нема да се обиде да го копира агресивниот стил на возење на Пол Еспаргаро“

„Детали за 41-то издание на најпознатата трка на издржливост во светот“

Белгијците и нивното чоколадо едноставно не можат да бидат разделени, а тоа особено важи за Белгискиот MotoGP возач и иден Moto-E натпреварувач, Хавиер Симеон. Го посетивме во неговата продавница за чоколади за да го прашаме како успева да му одолее на искушението.

„Дани Педроса ќе го има своето деби со KTM RC16 на тестот кој ќе се оддржи во Херез кон крајот на месецов“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.