motori triumph-eicma-18На саемот „EICMA“ во Милано имавме прилика да се запознаеме со новите модели на „Triumph“. Штандот кој изгледаше прекрасно беше во центарот на вниманието заради претставувањето на новите Daytona 675 и 675R 2013.

На саемот „EICMA“ во Милано имавме прилика да се запознаеме со новите модели на „Triumph“. Штандот кој изгледаше прекрасно беше во центарот на вниманието заради претставувањето на новите Daytona 675 и 675R 2013.

triumph-eicma-18

Како и до сега, Триумф во моделот 675 вградува мотори со три цилиндри и зафатнина од 675цц, но кај новите Дејтони моќноста е зголемена за 2кс и сега изнесува 126кс. Благодарение на промените на самиот агрегат овозможено е достигнување на поголем број на вртежи во минута, па црвената линија кај новиот модел е на 14400rpm.

Визуелно покрај предната маска, веднаш се забележливи промени на самиот рам, како и на издувот кој кај новиот модел доаѓа во „GP“ стил. Седиштетот е пониско за 10мм, тежината е намалена за 2кг, а фабрички моторот доаѓа со Pirelli Supercorsa гуми.

triumph-eicma-19

Иако ABS-от е стандарден за двата модела, верзијата 675R се издвојува по повеќе компоненти. Веднаш е забележлив задниот TTX амортизер, како и предните NIX30 вилушки. За кочењето ќе се погрижат Brembo кочниците, кај кои може по потреба да се деактивира ABS системот. Визуелно R верзијата се разликува од обичниот модел и по црвениот рам, како и по црвените ленти на бандажите. Кај овој модел неколку компоненти на машината како и делови од оклопите се изработени од карбон.

triumph-eicma-20{gallery}daytona675eicma{/gallery}

Back To Top