Honda ги замени популарните CRF250L и CRF250L Rally со CRF300L и CRF300 Rally. Новите машини имаат поголема моќност и помала тежина.

Верзијата 250L беше преставена во 2021 година и имаше за цел да обезбеди мотоцикл кој е легален за возење на улица и кој не е премногу агресивен. За кратко време стана голем хит а на многумина им се допадна бидејќи беше лесен за возење и имаше голем потенцијал. Веднаш го прилече вниманието и поради тоа што со него можеше да се поминат многу километри како и одличните можности за авантуристичко возење. А токму тука Honda ги направи најголемите промени кај моделот за сезоната 2021.

CRF300L txt 01 12

За почеток, капацитетот е зголемен од 250cc на 286cc. Тоа пак ослободува дополнителни 2.5bhp. Она што е уште поважно е тоа дека има зголемување за речиси 20% кај максималниот број на вртежи. Крајниот резултат е машина која обезбедува одлични перформанси во текот на целиот период додека возите.

А со цел да ја направи оваа машина уште подобра, Honda ги скрати првите пет брзини. Шестата брзина сега е повисока и е намената за брзо возење. Со новиот мотор доаѓа и нова шасија која е за 2 килограми полесна но и пофлексибилна. За полесно да се справите со непристапниот терен, суспензијата е крената за 10 милиметри напред и 20 милиметри позади.

Honda исто така го крена и моторот кој сега е за 30 милиметри повисок а промени има и кај седиштето кое исто така е повисоко за 5 милиметри. Во споредба со претходната верзија, основата е за 10 милиметри подолга. Ова е направено за да се подобри стабилноста доколку возите со поголема брзина.

CRF300 Rally txt 01 12

Во меѓувреме и Rally верзијата доби одредени промени. За почеток, резервоарот е зголемен за дополнителни 2.7 литри и сега има капацитет од 12.8 литри, со што,  во теорија можете да поминете 408 километри. Седиштето е за 10 милиметри пониско и е обложено со гума. Во моментов се уште не е позната цената на овие машини а се очекува тие да се најдат во продавниците во јануари следната година.

Honda CRF300L: интересни факти

Капацитетот на моторот е зголемен за 36cc.

Промени кај двата модели има и во однос на изгледот. Со новите додатоци, тие сега се многу поагресивни.

Компанијата на неколку места ја намали тежината. Севкупно тоа изнесува 4 килограми.

Во моментов се уште не утврдена точната цена но можете да очекувате таа да се движи помеѓу 5500 и 6100 евра за L и Rally верзиите.

Back To Top