Динамикс ја имаше честа да го добие првиот примерок на Балканот од новата ексклузивна Vespa 946.

vespa-946-macedonia-14

Динамикс ја имаше честа да го добие првиот примерок на Балканот од новата ексклузивна Vespa 946.

Пијаџо ја претстави новата Vespa 946 на саемот „EICMA“ во Милано, скутерот беше дел од промоцијата на Пијаџо групацијата, заедно со неколку нови модели на Aprilia и Moto Guzzi.

Новата Vespa ги плени сите присутни со својот изглед и  со право беше ѕвезда на вечерта. Префинетиот изглед е продолжение на италијанската класика, откако пред крајот на сезоната ги најавија новите 3V агрегати, дизајнерите ги засукаа ракавите со цел изгледот да му парира на успешниот агрегат.

Новата Веспа ќе биде достапна во две варијанти, четворотактен мотор со еден цилиндар, зафатнина од 125 и 150цц, три вентили и директно вбризгување на бензинот. Како и кај претходните модели ладењето останува воздушно, а новина е и рамот. Моделот 946 доаѓа со моно задна вилушка, единечен диск напред, но за оние со посебни барања ќе биде достапна верзија со ABS и систем против пролизгување.

Предното светло е поставено на самите рачки, и целосно се вклопува во новиот изглед со повеќе вентилирачки отвори, како и футуристичкото седиште кое само го надополнува прекрасниот изглед.

Цената на новиот модел е 9300 евра, а може да се погледне и купи во салонот на Динамикс во Скопје.

Back To Top