Се чини дека асфалтот повеќе не е доволен за Mugen па Јапонската компанија склучи договор со Honda за да произведе електричен мотокрос.

Се чини дека асфалтот повеќе не е доволен за Mugen па Јапонската компанија склучи договор со Honda за да произведе електричен мотокрос.

Она што го гледате на сликите е Mugen E.Rex. Нека не ве лаже изгледот, овој мотоцикл е фантастичен.

mugen e rex electric motocross 1

Тој има Showa and Nissin суспензии како и делови за кочење. Слично како и кај Mugen Shiden, од компанијата воопшто не се штедеа со цел да обезбедат квалитетни делови.

Ако погледнете подобро ќе видите дека E.Rex има дискови за сопирање изработени од јаглеродни влакна. Ова нема некој голема поврзаност со перформансите туку повеќе се должи на фактот дека Mugen E.Rex ќе биде претставен на мотошоуто во Токио кое ќе се оддржи оваа недела.

Сепак, главното прашање е кои се идните планови на Mugen и Honda. Засега од компаниите велат дека планираат да го разгледаат потенцијалот на електричните мотокрос машини. Но со оглед на тоа дека неколку серии веќе најавуваат дека ќе дозволат да учествуваат електрични мотоцикли,   Mugen и Honda сигурно нема да дозволат други компании да го завземат нивното место.

Развојот на електрични мотоцикли одреден период беше во мирување но се чини дека тој одново ќе стане интересен. Пред нас сега претстои интересен период.

mugen e rex electric motocross 2

Back To Top