Honda Motor Europe станува позната по интересните копцепт дизајни кои ги претставува на Европските мото шоуа, а последното нешто што ни го покажаа на EICMA е вистински доказ за тоа.

eicma 2017 2 139

Ова е Honda CB4 Interceptor концептот. Тој е продолжение на Neo Sports Café дизајнот на Honda кој ни го донесе првиот CB4 концепт во 2015 година.  Новиот концепт се фокусира на “Sport Endurance” идејата на Honda. Од компанијата не ни дадоа повеќе информации за овој концепт освен тоа дека место предното светло има перки, кои го напојуваат со енергија екранот кој е на допир.

Back To Top