Се чини дека повеќе наменските мотоцикли повторно стануваат важен дел од мото индустријата и моделите кои вклучуваат различни категории стануваат се повеќе популарни. Може ли 1200cc TDM верзијата да стане составен составен дел од линијата на Yamaha. Се чини дека може...

Не знаеме дали Yamaha навистина има планови за ваков мотоцикл, но сигурни сме дека би уживале доколку возиме ваков мотоцикл. Yamaha TDM не го доби потребното внимание што компанијата од Јапонија се надеваше дека ќе го добие и покрај тоа што овој мотоцикл е добар и за асфалт и за планински пат.

И покрај тоа што не е оф-роуд мотоцикл, Yamaha TDM се покажа како одличен мотоцикл кој ќе нема никаков проблем доколку го возите заедно со вашиот партнер на асфалт или на планински терен.

yamaha super tdm1200 Oberdan Bezzi

Yamaha без проблем би можела да направи 1200cc верзија од TDM користејќи го притоа XT1200Z Super Tenere моторот, па дури и истата рамка. Секако, мора да се промени суспензијата, но тоа не би преставувало голем проблем.

Главната грижа за Yamaha би била да го направи овој модел помал и со тоа да стане подостапен за повеќе лица. И покрај големиот мотор, Yamaha TDM1200 може да биде одличен патнички мотоцикл. Тој се уште ќе има доволно моќност и сила за да биде интересен и за поискусните возачи. На него ќе можете да ставите и куфери и така да одите и на подолг пат.

„Oberdan Bezzi“ предлага потенцијален дизајн за Super TDM 1200 кој воглавно ќе се базира на Super Tenere. TDM1200 ќе загуби некои делови од главниот ендуро мотоцикл на Yamaha, но секако тоа би значело и полесно оддржување. Додадете на тоа и седумнаесет инчни пневматици и ќе добиете одличен мотоцикл кој многу лесно ќе ги освои срцата на сите љубители на Yamaha.

Back To Top