По неколку тизери конечно Honda откри повеќе детали за новит Hawk 11. 

Honda Hawk 11 03

Иако најавта беше дека премиерно Honda својот нов кафе рејсер ќе го објави на претстојниот саем во Токио, сепак неколку дена пред саемо Honda го прикажа целосно новиот модел но не ги изнесе сите технички спецификации. Станува збор за уште еден модел кој доаѓа на база на постоечкиот Africa Twin односно NT1100. 

Она што овој голем кафе рејсер наследува е конструкцијата агрегатот и покрај фактот дека мотор со тежина од скоро 240 кг можеби не е баш најдобар почеток за да се извади Hawk 11, но сепак да не заборавиме, моторот на Africa Twin е SOCH ‘Unicam’ агрегат кој кога се развиваше имаше задача да е компактен и лесен за офроуд возење, што во основа носи предност и кај спортските изведби на истиот. 

Hawk 11 има нови амортизери, тие повторно се на Showa но сега се преработени за да одговараат на новит стил на моторот. Кочниците се на NIssin делуваат како да се малку поголеми од оние инсталирани кај NT1100 а истите притискаат на 310mm дискови. 

Она што е комплетно нов, се разбира, е стајлингот. Нов е резервоарот кој ја следи карактеристичната форма на Hawk инспириран од Honda CB4 INterceptor, концептниот мотор од 2017 година. 

Големото округло светло напред доаѓа уште повеќе до израз благодарение на ниско поставените исто така округли ретровизори кои се под висината на рачкките. Скоро е сигурно дека Hawk 11 ќе влезе во сериско производство, иако за тоа нема официјална потврда. Сепак, цени нема ни на повидок... ама ова е моделот за ужуивање, за имиџ.. за престиж... кого го интересира цена во ова сценарио? Honda Hawk 11 е тука за да плени со својот стил... и тоа го прави сосема успешно. 

Back To Top

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.