(Време на читање: 1 - 2 минути)


На денот на шегата BMW изненади многумина со едно лажно соопштение преку кое го претстави xDrive Hybrid R1200GS, кој има електрично придвижувано предно тркало. Секако дека нема таков мотоцикл но се чини дека нешто многу слично на него наскоро може да се најде во производство.

На денот на шегата BMW изненади многумина со едно лажно соопштение преку кое го претстави xDrive Hybrid R1200GS, кој има електрично придвижувано предно тркало. Секако дека нема таков мотоцикл но се чини дека нешто многу слично на него наскоро може да се најде во производство.

Се уште не се знае дали тоа беше случајно или намерно, но само неколку дена пред BMW да го даде лажното соопштение, се појави патент насловен како „Мотоцикл кој има електрично придвижувано предно тркало.“ А кој е сопственикот на овој патент? Секако, BMW.

bmw hybrid

Би било неверојатно една компанија од рангот на BMW да поднесе ваква апликација за патент само поради шега. Сепак патентот е многу сличен на измислениот R1200GS xDrive. Додека кај лажното соопштение пишуваше дека мотоциклот користи „wheel-hub e-Drive“ систем кој функционира и како електричен мотор и како генератор, кај патентот пишува „интегрирано на предното тркало кое се состои од електричен мотор.“

Самата идеја е едноставна и многу слична со онаа која беше објавена во соопштението. Мотоциклот го задржува класичниот мотор кој го придвижува задното тркало. Но кога задното тркало ќе ја загуби тракцијата, наместо да се активира системот за контрола на тракција, го активира системот на предното тркало со помош на електричниот мотор. Според патентот, големите мотоцикли како што е R1200GS би биле идеални за овој систем.

Вреди да се напомене дека веќе постои хибриден R1200GS. Тоа е прототипот X2 направен од страна на Wunderlich кои пак имаат блиска соработка со BMW. Претставен само неколку дена пред да биде поднесен патентот, X2 го користи истиот систем кој е опишан во документот на BMW.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: