Американскиот производител на мотоцикли Harley-Davidson ја зголеми линијата за сезоната 2017 со уште еден интересен модел кој ја задржа традицијата но кој има и доза на модерен стил. Станува збор за Road King Special.

Американскиот производител на мотоцикли Harley-Davidson ја зголеми линијата за сезоната 2017 со уште еден интересен модел кој ја задржа традицијата но кој има и доза на модерен стил. Станува збор за Road King Special.

Започнуваме со срцето на овој крузер. Road King Special е опремен со новиот Milwaukee-Eight V-twin мотор. Исто така, треба да знаете и дека ова е првиот Harley Davidson чиј што мотор е обоен во црна боја.

harley davidson introduces 2017 road king special 2

Но тоа не е се што е темно на овој мотоцикл. Кај новиот Road King Special отстранети се сите хромирани елементи и се заменети со „matte black“  или сива боја.

Или како што велат од компанијата: „Можете да го забележите на растојание од една милја. Голем и драматичен како локомотива. Има специфична црна боја, Milwaukee Eight мотор, предни светла и издувен вентил.“

Мотоциклот има понизок браник, пониска регистрациска таблица како и специјално изработен простор за багаж. Исто така е и понизок од стандардниот модел. Висината на седиштето изнесува 26.4 инчи во споредба со 28.2 инчи колку што имаше претходно. Тој исто така е и за 4 килограми полесен.

„Road King е нашиот најголем мотоцикл кој нема додатоци и тој нуди навистина уникатно искуство,“ изјави Бред Ричардс, наследникот на Вили Дејвидсон и извршен директор за стил и дизајн. „Имате чувство дека сте на локомотива поради големиот резервоар кој се наоѓа над предното тркало. Овој мотоцикл нуди навистина уникатно возачко искуство и е вистински крал на патиштата. Преку редизајнот му дадовме дополнителна енергија на мотоциклот.“

Моделот ќе има „Olive Gold“ нијанса која одлично ќе одговара на темната боја на мотоциклот. За оваа конфигурација ќе треба да издвоите 22,449 долари. Истата цена ќе треба да ја платите и за „Charcoal Denim“ додека пак „Vivid Black“ ќе ве чини 21,999 долари. „Custom Hot Rod Flake“ има цена од 21,399 долари.

Back To Top