Ducati Panigale V4 2018 и официјално имаше свое деби пред мото шоуто во Милано. Новата машина со зафатнина од 1103ццм има неколку импресивни бројки: 214кс на радилица и тежина од 174 килограми.
Ако сте хард кор фан на Ducati, тогаш сигурно засекогаш ќе се сеќавате на овој ден бидејќи Ducati одлучи да го напушти својот v-twin супербајк дизајн и да го направи првиот четири цилиндричен агрегат.
Ducati Panigale V4 2018 и официјално имаше свое деби пред мото шоуто во Милано. Новата машина со зафатнина од 1103ццм има неколку импресивни бројки: 214кс на радилица и тежина од 174 килограми.
На овој модел од страна на Италијанците повеќе се гледа како на еволуција на Ducati 1299 Panigale супербајк дизајнот. Големи промени има и кај моторот „Desmosedici Stradale“ кој има радилица под агол од 70° како и нови таканаречени „Twin Pulse“ клипови. Ова го прави агрегатот на Desmo Stradale V4 повеќе како два соединети „v-twin“ мотори.
Секако, компанијата не направи промени само на машината. Ducati Panigale V4 е навистина уникатен мотор. „Cornering ABS“ сопирачките се стандарден дел, а исто така вклучен е и „dynamic slide contol“ на Bosch кој им овозможува неверојатна контрола и безбедност на возачите. Ducati исто така го подобри и брзиот менувачот на брзини кој се адаптира во зависност од тоа како го возите мотоциклот. Како и кај претходните генерации, шасијата на мотоциклот е изградена директно на агрегатот, а исто така има и моно вилишка.
Основната верзија користи 43mm Showa вилушка на која има целосно прилагодлив Sachs амортизер. Верзијата „S“ има Öhlins NIX-30 вилушка и Öhlins TTX36 амортизер. Ducati Panigale V4 исто така има и комбинација од Литиумска – Ионска батерија, алуминиумски бандажи и подрамка изработена од магнезиум (кај основната верзија подрамката е изработена од алуминиум).
Со оглед на тоа дека агрегатот тежи само 64 килограми, овој супербајк на Ducati е еден од најлесните на пазарот. Ducati Panigale V4 тежи само 5 килограми повеќе од Ducati 1299 Panigale што е навистина импресивно за четири цилиндрична машина. На ова додадете ги и титаниумскиот издув изработен од Акрапович како и нова контролна единица па јасно е зошто моторот развива 226кс.
Според нашите информации цената за „послабиот“ модел во Македонија ќе биде 23.000 евра, додека за „S“ моделот ќе треба да се одвојат 4-5.000 евра повеќе. Додека да добиеме потврда за конечните цени и датумот на продажба, уживајте во фотографиите.