Креирани како дел од Yamaha GYTR развојната програма, ова се мотоцикли од класите R1 и R3 и се исклучиво наменети за возење на тркачка патека.
YZF-R1 GYTR
Овој модел е во црвено бела боја и го прославува јубилејот од 20 години од првото појавување на Yamaha R1 како и неодамнешната победа на трката Suzukа 8 Hours. Овој нов мотоцикл ќе биде достапен во само 20 примероци и е опремен со квалитетни делови кои го прават навистина компетитивен кога е на патеката.
Моделот кој го прикажаа е само прототип, а целосните спецификации како и неговата цена ќе ги дознаеме некаде кон средината на декември. Тогаш ќе можете и да го резервирате, а за да го подигнете ќе треба да ги посетите официјалните претставници на Yamaha во вашата држава.
Меѓу специјалните делови кои ги има овој мотоцикл се ECU и CCU кои овозможуваат анализирање на податоците од вашето возење. Тој исто така има и Öhlins FGRT 219 предна вилушка како и TTX36 GP заден амортизер. Покрај ова, мотоциклот има и титаниумски издув направен од Акраповиќ.
Доколку сите овие додатоци не ви ја зголемуваат возбудата, Yamaha им овозможува на сопствениците на овие мотоцикли да вметнат и дополнителни додатоци од каталогот.
Откако сето ова ќе биде подготвено, се става шасијата со цел да се обезбедат најдобрите можни перформанси. Покрај сето ова, на сопствениците ќе им биде овозможено и да бидат дел од Yamaha Racing Experience 2019 каде што ќе можат да научат како да го извлечат максимумот од овој мотоцикл.
YZF-R3 GYTR
Претставен заедно со уличните модели YZF-R125 и YZF-R3, оваа GYTR верзија доаѓа со целосна опрема која ќе го трансформира вашиот мотоцикл од улична верзија во модел подготвен за настап на тркачката патека.
Ова е постигнато со вклучување на Öhlins тркачката суспензија како и Brembo предни сопирачки. Тука исто така е и титаниусмкиот издув од Акраповиќ како и многуте додатоци кој ги има овој мотоцикл, а кои го прават да биде во согласност со правилата на Суперспорт 300 шампионатот.
Би можело да ве интересира
Во Струмица ќе се гради мотокрос патека за одржување на натпревари од највисок ранг.
Ова е новата кацига на Nolan која ги задржува врвните карактеристики која ги имаше и нејзиниот претходник N44.
Шпанецот имаше за речиси половина секунда побрзо време од резултатот кој го постигна во понеделникот.
Суперкрос легендата и голем фан на MotoGP, Чед Рид, вели дека е лудо што никој во Гран При досега не експериментирал со „holeshot“.
Четири различни возачи ги освоија првите четири позиции на Филип Ајленд.
X-Lite X-803 Ултра Карбон е најспортската кацига на овој бренд.