Ако се обидеме некако да ја сумираме 2021 година, за мото светот, секако, тогаш може комотно да кажеме ова е година кога италијанците се решија да возат офроуд. По Aprilia и MV Agusta сега и Ducati го претстави својот модел подготвен за песочните дини и планинските патеки - Desert X

 Ducati DesertX studio

Најавен беше како концепт пред две години, и од старт плени со својот изглед, сепак за Ducati правиме муабет. Очигледно реакциите биле позитивни и дополнително ги охрабриле италијанците да се посветат концептот да го преточат во сериски модел кој нема да биде разочарување. Самодовербата дека успеале во тоа можеше да се насети при самата најава на премиерите кои во 6 изданија ги гледавме избраните четвточни попладиња на нивниот YouTube канал. 

И конечно, по бројните провокации и тизери, денес Ducati ги обелодени сите детали за нивниот најнов модел. За прв пат Ducati прави мотор чија примарна намена нема да се виулестите асфалтни патишта, за прв пат прави мотор кој треба да биде одраз на издржилвост, баланс и управливост на мали брзини. На хартија, видео и според спцификациите изгледа соодветно, рамо до рамо со конкуренцијата. А за да ги зачинат дополнително работите во својата стандардна понуда се решиле да појдат чекор напред и да понудат фабрички некои опции кои често ги бараат и модификуваат авантуристите. 

Ducati DesertX MY22 06 Gallery Studio 1920x1080

За изгледот нема да расправаме, дизајнот е комбинација на ретро и модерна технологија или што би рекле тие Post-heritage и digital, потсетува на она што денес го гледаме во сите слични модели, пред се тука мислам на T7 и Aprilia Touareg и покрај тоа што вистинската конкуренција за Deset X ќе бидат Triumph Tiger 900 Rally Pro, Honda Africa Twin и новиот MV Agusta Lucky Explorer 9.5.

Ducati DesertX 3

Нормално првата работа која се прашува во оваа класа мотори е тежината. Посакуваната, но сепак, недостижна граница за сите модели во оваа класа не е ни тука достигната. Desert X без течности тежи 202kg а со нив нешто над 220. Тежината секако дека варира врз основа на опремата, но она што е новина како сериска понуда е одлуката на Ducati да го понуди Desert X со можност за замена на задното седиште и додавање дополнителен резервоар кој основните 21 литар капацитет ги зголемува со дополнителни 8 литри кои може директно да го префрлат горивото од задните помошни резервоари во централниот. 

Ducati DesertX 4

За суспензијата Ducati овој пат соработува со јапонците Kayaba. Прoверена опција, на 21" предно тркало има суспензиа со од од 46 mm со можност за комплетно мануелно поддесување. Назад, задолжено за амортизација на 18" тркало а поврзано со двостраната алуминиумска вилушка е моношок амортизер исто така со можност за комплетно поддесување. 

Агрегатот е познат, Ducati Testastretta 11°, L-Twin, со водено ладење и моќност од 110 КС. Она што го промениле значително Ducati за моделот Desert X не е само режимот на работата на моторт туку брзините. Нивната дистрибуција подразбира пократки почетни запчаници кои се задолжени за прва и втора брзина и поширок дијапазаон на крајните брзини. Сето ова е со цел да се направи овој теренец да може на мали брзини да добие повеќе моќ и да ја зголеми управливоста низ тешките терени. 

Ducati DesertX MY22 42 Gallery Studio 1920x1080

Висината на седиштетот е 875mm со можност да се нарача и пониско седиште. Ергономијата примарно е фокусирана за возење исправен, но широкиот преден дел и соодвентните вентилациски канали укажуваат на фактот дека овој мотор нема да ви задава грижи ни на подолг отворен пат. 

Ducati не би бил тоа што е ако не напрви нешто различно, па така во премиерното видео пред да ги прикаже техничките детали на самиот мотор, прво ја прикажуваат и новата линија на облека која совршено ќе се вклопи со боите на моторот. Нели, стилот и покажувањето се далку поважно од се друго, на крајот на краиштата ова е класа на мотор кој мора да служи повеќе намени. 

Ducati Desert X MY22 Elettronica 01 Editorial Wide 1330x768

Очекувано моторот е полн со електроника која овозможува многу нагодувања според нивото на возачот но и условите на патот. Тука се и двата мода за возење надвор од асфалт кои се наменети за понеискусни и поискусни возачи. Контролите и промените се прикажани на 5" TFT колор екран кој е вертикално поставен за да соодветствува со предниот дел на моторот но и со потребите на овој тип возење. Екранот има повеќе разлини опции за приказ на неопходните бројки вклучувајќи го и тој кој треба да им корисити на рели возачите. 

Изминатиов опериод се повеќе производители се повикуваат на историјата и големината на Dakar релито, производители кои имаат директна историја со ова рели, но и такви кои немаат. Единствено ми е малку чудно зошто сите големи мотори се врзуваат со ова рели кога таму ни од далеку нема да може да возат овој тип мотори. Сепак, врвниот дострел на сите авантуристи е токму ова рели, па по се изгледа преголем е ризикот да се изостави во која било маркетинг приказна. 

Ducati DesertX MY22 01 Overview Gallery 1920x1080

Искрено, не мислам дека Desert X ќе постигне преголема слава,  и покрај тоа што Ducati континуирано докажува дека не е оној стариот италијанец на кој не можеше да се потпреш кога најмногу ти треба. Веќе некое време, а така е и со овој модел, сервисните интервали се сериозно продолжени а ганрацијата рекордна, со што самиот прозиводите сака да каже, во ред е, можеш да рачунаш на мене, квалитетен сум, не само убав, можеш да ме сакаш, ама можеш и да се опуштиш, ти го чувам грбот. Дали ова ќе се покаже точно и на песочните и калливи патеки, останува да видиме. 

Back To Top