Мотоцикли

Детали за XDiavel: Подобрувања кај крузерот на Ducati

Ducati додаде два нови модели и креираше фамилија од три XDiavel верзии. На XDiavel S сега му се придружија XDiavel Dark и XDiavel Black Star, секој со сопствен стил и карактеристики.

Следете нè на:

 

Ducati додаде два нови модели и креираше фамилија од три XDiavel верзии. На XDiavel S сега му се придружија XDiavel Dark и XDiavel Black Star, секој со сопствен стил и карактеристики.

XDiavel е главниот крузер на Ducati. Досега можевте да го нарачате мотоциклот со стандардна опрема или пак со малку подобри S спецификации. А сега, два нови модели се приклучија на фамилијата.

Верзијата Dark има „Matte“ црна боја, црна рамка и тркала кои одговараат на целокупниот изглед. Верзијата Black Star има претежно црно-сива боја комбинирана со препознатливата црвена боја на Ducati. Тука се и црните тркала.

DUCATI XDIAVEL BLACK STAR

Black Star има Brembo M50 како и неколку подобрувања во однос на изгледот. Со цел да го исполни Euro5 стандардот, промени има и кај моторот кој сега има 160hp и 94lbft of torque. Машините веќе се во продажба. Според препорачаната цена на производителот, верзијата Dark чини 19.000 евра, цената на Black Star изнесува 24.000 евра, стандардниот модел се продава по цена од 19,500 евра а верзијата S чини 23.000 евра.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

За време на трката во Португалија, првите три места на табелата ги освоија возачи кои настапуваат за сателитски тимови. Ова се случува прв пат по 2004 година.

Следната сезона во WSBK серијата ќе имаме поголема разновидност откако два сателитски тимови на BMW ќе се приклучат на шампионатот.

Извршена нова операција над Марк Маркез.

Почнувајќи од сезоната 2021, Suzuki ќе го добие познатиот бренд Monster Energy

Јапонската компанија работи на алтернатива на моторите со внатрешно согорување.

Оваа компјутерска фотографија е најдоброто нешто што досега го имаме видено од новиот концепт на Honda, CB1000F, кој прв пат беше најавен во март.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.