(Време на читање: 1 - 2 минути)


Aprilia ја претстави лимитираната серија RS 660 Phillip Island Tribute, модел создаден како посебен омаж на австралиската патека која одигра клучна улога во историјата на брендот. Оваа верзија доаѓа со уникатна графика и дополнителна опрема, одбележувајќи ја долгата врска на Aprilia со овој легендарен мото-дром, кој од 2027 година повеќе нема да биде дел од календарот на MotoGP.

Покрај визуелните промени, овој модел ја слави и импресивната статистика на Aprilia Racing, која на Phillip Island има остварено десет победи во различни класи на Светскиот шампионат. Токму на оваа патека, со победата на Раул Фернандез на RS-GP во 2025 година, Aprilia ја достигна историската граница од 300 победи во Светскиот шампионат, потврдувајќи го статусот на најуспешен европски производител во историјата на ова натпреварување.

01 aprilia rs660 phillip island tribute

Моделот RS 660 Phillip Island Tribute се издвојува со специфична бела боја, надополнета со зелени детали на страничните панели и опашката, како и црвени бандажи, што е директна асоцијација на боите од логото на патеката. Страничните панели го носат логото на Phillip Island со приказ на конфигурацијата на патеката и натписот „Phillip Island Circuit“. Како стандардна опрема е вклучен капак за совозачкото седиште, додека на резервоарот е поставена ознака со бројот на победи на Aprilia на оваа патека. Серискиот број на секој примерок е втиснат на плочката кај управувачот.

03 aprilia rs660 phillip island tribute

Технички перформанси и електроника

Основата на оваа специјална серија останува докажаната платформа на RS 660. Мотоциклот е опремен со двоцилиндричен агрегат од 660 кубика со четири вентили, кој испорачува 105 КС при 10.400 вртежи во минута и 70 Nm вртежен момент при 8.400 вртежи во минута. За почетниците, достапна е и верзија со ограничена моќност од 35 kW.

02 aprilia rs660 phillip island tribute

Шасијата се потпира на традицијата на Aprilia за врвна архитектура, каде агрегатот служи како носечки елемент, поврзан со рамка составена од два странични носачи. Електронскиот пакет е еден од најнапредните во класата, вклучувајќи шестоосна инерцијална платформа, aPRC систем со контрола на тракција, контрола на подигнување на предното тркало, контрола на моторното кочење, cornering ABS и мапирање на агрегатот. Дополнително, стандардната опрема вклучува launch control, двонасочен електронски шифтер и темпомат.

Моделот ќе биде изложен на саемот EICMA во Милано, во хала 9, од 6 до 8 ноември.

07 aprilia rs660 phillip island tribute

Пријавете се за да ги добивате најважните содржини двапати неделно директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: