Викендов во Плевен, Бугарија, се вози првата трка од Источно-Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам на која ќе настапат тројца претставници од Македонија.

ponikve-1-96

Викендов во Плевен, Бугарија, се вози првата трка од Источно-Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам на која ќе настапат тројца претставници од Македонија.

Источно-Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам започнува во недела со првата трка која се вози во Плевен. Иако до сега веќе требаше шампионатот да биде започнат, заради проблеми со патеката на Батајница првата трката е откажана. БМУ одлучи да не дозволи да се вози на новата патека во Ужице која беше предложена од Српската мото федерација, а за возврат србите нема да ја организираат ни втората трка која беше планирана. Со тоа во шампионатот остануваат три трки на патеката Плевен во Бугарија и една на патеката Серес во Грција.

Мото клубот Гого од Скопје на претстојната трка ќе има еден претставник, добро познатиот Игор Спиров - Зизи кој ќе настапи во SBKS600 класата, додека пак мото клубот Мотори ќе има двајца претставници, новајлиите Али Лена и Аргетим Рамадани. Се работи за двајца одлични возачи со голем потенцијал кои се надеваме дека ќе имаме прилика да ги следиме на сите трки во шампионатот. Лена ќе вози во класата до 600цц, а Рамадани во 125. Во плевен нема да има наши претставници во класата до 1000цц.

На тркачите им посакуваме многу среќа во недела, а нашиот тим ќе биде заедно со нив да ги следи сите возбудувања, очекувајте извештај и слики по завршувањето на трките.

Back To Top