Нашиот единствен претставник на трката која викендов се возеше на аеродромот Поникве во близина на Ужице го освои 8-то место во конкуренција од 16 возачи.

ponikve-1-96

Нашиот единствен претставник на трката која викендов се возеше на аеродромот Поникве во близина на Ужице го освои 8-то место во конкуренција од 16 возачи.

Викендов на патеката Поникве крај градот Ужице во Србија се возеше првата трка од Шампионатот во брзински мотоциклизам на Србија. На трката учествуваше и нашиот претставник Игор Спиров - Зизи кој како што најавивме пред неколку месеци имаше во план да го вози целиот српски шампионат бидејќи кај нас нема трки.

За жал на Спиров не му беше дозволено да се бодува за шампионатот, иако во дописот од МСС до МФМ јасно стои дека се работи за отворен шампионат, наместо тоа, при самото пристигнување на патеката Спиров беше известен дека може да вози на трката која ќе биде пресметана како индивидуален настап и нема да се бодува за шампионатот.

Квалификациите Зизи ги возеше со задоволителен резултат, шеста позиција со минимално задоцнување зад петтиот и само две десетинки зад четвртиот возач по што направи промена на преносот која требаше дополнително да му го подобри времето.

Зизи имаше фантастичен старт на трката во која по стартот се најде на втората позиција, но првата шикана значеше и две места подолу. Веднаш потоа направи и грешка при кочењето што значеше уште две места подолу за него, а само два круга подоцна еден од возачите направи грешка по која излезе пред Спиров што дополнително го успори нашиот возач.

Се на се, Спиров возеше трка во која можеше да забележи подобар резултат, но со оглед на околностите добро е што се добро се заврши. Импровизираната патека на аеродромот Поникве ќе биде впишана во контото на извозени трки на Спиров, на кој едноставно не му беше денот. Зизи не се откажува ниту повлекува, тој се надева на позитивен одговор на жири комисијата од МСС која треба да одлучи дали ќе му дозволи да го вози целиот шампионат, и најавува дека без разлика на одговорот ќе вози барем уште една трка од Српскиот шампионат во брзински мотоциклизам како и сите преостанати трки од Источно-Европскиот шампионат.

Back To Top