Тројцата претставници на Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ) освоија места на подиумот на натпреварот од отворениот шампионат на Србија во мотокрос кој се одржа на 21 април на патеката Стрелиште крај Брус.

luka-risteski-motori

Најмладиот наш претставник, 9-годишниот Лука Ристевски одлично се снајде во класата МХ65 и оствари уште една меѓународна победа. Во двете возења тој беше убедливо побрз од домашните натпреварувачи Миодраг Станојевиќ и Милиќ Зимоњиќ.

andrijan-risteski-motori

Во класата МХ85 стартуваа двајца наши мотоциклисти: Андријан Ристевски и Христиан Станковиќ. Најдобар во оваа конкуренција беше Виктор Ивановиќ од Црна Гора, втор заврши Ристевски, а трет Станковиќ.

hristian-stankovic-motori

Веќе следниот викенд нашите мотокрос натпреварувачи продолжуваат со меѓународни настапи, дел од нив ќе учествуваат на натпревар од отворениот грчки шампионат во Кожани, а дел на трка во рамките на отворениот шампионат на Србија во Лесковац.

Извор: „МФМ“

Back To Top