MK мотоциклисти на меѓународни трки

Извештај: Отворен Источно-Европски шампионат „Истанбул парк 2012“

motori MK_TeamПретставниците на МФМ, Игор Спиров (Сузуки) и Сашо Николов (Јамаха) ги освоија осмите места во своите класи на третиот натпревар од отворениот Источно-Европски шампионат во мотоциклизам на кружни патеки кој се одржа изминатиот викенд на патеката Истанбул Парк во Турција.

Следете нè на:

 

MK Team

Претставниците на МФМ, Игор Спиров (Сузуки) и Сашо Николов (Јамаха) ги освоија осмите места во своите класи на третиот натпревар од отворениот Источно-Европски шампионат во мотоциклизам на кружни патеки кој се одржа изминатиот викенд на патеката Истанбул Парк во Турција.

Спиров со новите бодови успеа да се пробие на 6 место во генералниот пласман во класата супербајк до 600 ссм. Во оваа класа победи домашниот натпреварувач Ахмет Коџјигит, додека и натаму водечки во пласманот после три натпревари е Красимир Михајлов (Бугарија) со 45 бодови. 

Во конкуренција од 18 натпреварувачи Николов го освои 8 место во класата супербајк до 1000 ссм, а победата ја однесе уште еден турски репрезентативец, Семих Суна. Николов напредуваше во генералниот пласман за една позиција и сега со 26 бодови е на 6 место. Првото место сеуште го држи Емилијан Јотов (Бугарија) со 40 бодови. Во истата класа настапи и Виктор Вешовски кој со својот мотоцикл Сузуки успеа на крајот да заврши како 10-ти и покрај тоа што настапи со стари гуми на трката.

Во оваа класа требаше да настапи и Зоран Трајковски кој за жал доживеа пад на првиот тренинг во саботата по кој се здоби со потешки повреди. По успешната неколкучасовна операција според нашите извори состојбата на Ѕоне во моментов е стабилна и во четврток се очекува негово префрлување во Македонија.

Нашиот претставник во најсилната класа супершток до 1000 ссм, Ефтим Велјаноски не успеа да се пласира помеѓу првите петнаесет места кои обезбедуваат бодови. Тој на крајот заврши како 24 од 29 учесници. Очекувано победи Мартин Чои (Бугарија) кој се проби на второто место во генералниот пласман со 50 бодови, само 1 бод помалку од неговиот сонародник Велислав Марков.

За жал нашиот најголем адут Марин Сугарев остана без бодови. Поради технички проблеми со мотоциклот Сугарев мораше да се откаже во последниот круг и не успеа да ги потврди претходните одлични пласмани, особено третото место од минатата трка во Плевен, Бугарија. И покрај пехот тој останува во конкуренција за место на подиумот во конечниот пласман на класата спорт јуниор до 125 ссм.

Претпоследниот натпревар од отворениот Источно-Европски шампионат е на 15 јули на истата патека во Турција, додека шампионите ќе се одлучат на 23 септември на патеката Батајница крај Белград, Србија.

Би можело да ве интересира

„Ќе биде подобро за сите, секако тука е и Moto2 серијата, доколку го имаат овој нов стил на возење - Moto2 се доближи еден чекор поблиску до MotoGP  со новиот 765cc Triumph мотор“

„Коментарот кој го даде Алберто Пуиг предизвика реакција кај неговиот поранешен MotoGP возач Дани Педроса“

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.