Иако сите со нетрпение ги чекаме трките кои се одложени поради вонредната состојба со корона вирусот, нашиот натпреварувач Христијан Бузалковски (Seventy One Team) не застанува со подготовките.

Покрај Компанија Велкоски како официјален спонзор на Христијан Бузалковски и Мотул, позади него застана и Скај Мото од Скопје, продавница која продава делови за мотори и заштитна опрема за моторџиите.

buzo ls2 1

Кацигата (LS2 Arrow C) е предобра, искрено кога ја ставив на глава се зачудив колку добро лежи, ултра лесна и карбонска кацига со највисок квалитет! Кацига која ги поседува сите тркачки спецификации кои што се потребни за се натпреварувам (ЕCE 22.05 , Double D…)!! Моментално најдобрата кацига што сум ја носел, а сум носел многу до сега! - изјави Бузалковски

Се надеваме дека наскоро ќе има прилика да ја носи и да се убеди во квалитетот на LS2 кацигите, во меѓувреме погледнете ги спецификациите на кацигата која можете да ја најдете во Скај Мото.

Back To Top