Минатата година Ивчески успеа да го оствари најдобриот пласман на македонски мотоциклист на натпревари од европски ранг освојувајќи го 6-тото место во класата Опен, а годинава ќе се обиде да го подобри тој резултат.

IVCHESKI 1

Нашиот искусен мотоциклист Слободан Ивчески ќе ја претставува Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ) на тертиот натпревар од Европскиот шампионат во супермото за 2013 година што ќе се одржи на 16 јуни на патеката во Вранско, Словенија.

Минатата година Ивчески успеа да го оствари најдобриот пласман на македонски мотоциклист на натпревари од европски ранг освојувајќи го 6-тото место во класата Опен, а годинава ќе се обиде да го подобри тој резултат.

На почетокот од сезоната во Арад (Романија) тој беше петти, додека минатиот викенд за малку не успеа да стигне до подиумот. Ивчески водеше голема борба за третото место со романскиот претставник Сорин Траистару, но сепак само 4 секунди го делеа од досега неговиот најголем успех во оваа конкуренција. Во генералниот пласман води Ангел Каранјотов од Бугарија со максимални 100 бодови, пред својот сонародник Александар Георгиев со 86, Траистару има 82, а Ивчески е четврт со 68 бодови.

Back To Top