Одличен успех за ветеранот, популарниот „Жолтио“ се врати со пехар од трката во Чачак.
Битолскиот мото-кросист Борче Костов – Жолтио кој настапува за екипата на Ноќни Волци на трката во Чачак го освои одличното трето место во категорија МХ3, а за третото место вели:
-Со многу претпазливост тргнав за Србија бидејќи не ја знаев конкуренцијата, а имаше и најави за голем број на тркачи во мојата класа. На стартот имав проблеми и затоа многу се “измачив“ да дојдам до пласман меѓу првите тројца, а морам да каќам дека само за две секунди го изгубив второто место. Оваа трка не се бодуваше за Источно европското првенство, а на стартот имаше 16 возачи во мојата категорија.
Веднаш по трката во Србија, Костов беше на прием во македонската мото федерација, каде имаше разговори во врска во меѓународните трки и трките кои треба да се одржат во државата, и секако за начините да се врати овој спорт на старите позиици кои ги имаше.
Овој викенд кој следува ќе се одржи и првата домашна трка, а ќе се вози на мото-патеката “Лагово“ кај Прилеп. На оваа трка се очекува да се појават возачи од сите балкански земји, а за организацијата на трката Костов вели:
-Трката е во организација на „Скај рајдерс“ клубот од Прилеп, а на неа како велат домаќините се поканети сите мото-федерации од Балканот, кои веќе го потврдиле настапот. Ова е прва домашна трка и морам да кажам дека ќе биди интересна трка. Сите македонски возачи се желни за трка бидејќи само мал дел учествуваме на меѓународните трки, а секој ќе сака да се докаже по подолго време. Некои имаат и нови мотори па можам да кажам дека ќе биде неизвесна трка во сите категории. Јас се надевам дека ќе бидам на поедесталот и дека ќе има ривалство и интересни моменти на трката.
Извор: BitolaNews