Неколку куси совети за работи кои никако не смеете да ги правите со гумите на вашиот мотоцикл.

Никогаш не ни помислувајте да ја замените гумата од мотоциклот со гума од автомобил. Некои возачи го имаат направено ова бидејќи си помислиле дека гумите од автомобилите се поиздржливи.

Pirelli пневматиците за автомобил и за мотоцикл се две комплетно различни работи. Двете гуми се направени од различни соединенија и имаат различна тракција.

Dragonpics012

Точката на допир кај гумите за мотоцикл е многу поголема отколку онаа кај автомобилите. Доколку возите со таква гума на влажно време, големи се шансите да доживеете несреќа. Едноставно не правете го тоа.

Доколку сакате да возите на тркачка патека со вашиот мотоцикл, обрнете посебно внимание на пневматиците. Проверете кај производителот или разговарајте со други возачи на патеката за тоа кои се најдобрите гуми за патеката.

Можеби ќе возите на патека на која има многу свиоци кои се на десно. Поради тоа, можеби ќе забележите дека има поголемо оштетување на десната страна од гумата отколку на левата. Некои луѓе едноставно ја вртат гумата. Не правете го тоа. Тоа е многу опасно. Пневматиците за мотоцикли се специјално направени да се ротираат само во еден правец. Можете да доживеете голема несреќа бидејќи гумата ќе почне да се оштетува и шарата ќе исчезне.

Вреди да се запомни и дека пневматиците се она што те дели тебе и твојот мотоцикл од асфалтот. Редовно проверувајте го притисокот и проверувајте ги дали се оштетени. Тоа може да ви го спаси животот.

Back To Top