Почитувани членови на мотори.ком.мк, љубители на мотоциклите, на наше огромно задоволство Ве известуваме дека барањето за ревидирање на одлуката за наплата на паркингот за мотоцикли во Општина Центар е усвоена!

На денешниот состанок со директорката на ЈП „Паркинзи Општина Центар“, г-ѓа Маргарита Бакев и беа образложени причините зошто треба да се промени одлуката и на наше задоволство предлогот беше прифатен. Надлежните излегоа со разбирање за потребите на мотоциклистите, па бидејќи барањето е усвоено утрешниот протест се откажува.

Од Септември на територијата на Општина Центар ќе бидат одбележани посебни паркинзи за мотоцикли на кои паркирањето ќе биде бесплатно. Наша обврска ќе биде секако да ги користиме паркинзите и да не ги паркираме моторите каде ќе ни текне, посебно не на зелените површини или пешачките зони.

Back To Top