Сигурно досега барем еднаш сте се запрашале колку навистина вреди Вашиот миленик? Тоа е првото прашање кое само по себе се наметнува секогаш кога сакате да го продадете, замените со нов или некој друг половен мотор, да го искомпензирате и.т.н.
Како прво и основно што треба да знаете пред да почнете да ја проценувате вредноста на вашиот миленик е тоа дека предвидениот век на траење на мотоциклите и трициклите е 12 години.
Неговата вредност во однос на староста и поминатите километри е дадена во следнава табела.
Старост на моторот (год) |
Вредност на користените моторцикли (%) |
Просечна (предвидена) годишна километража |
||
До 50 кубика |
Од 50 до 250 кубика |
Над 250 кубика |
||
1 |
82 |
2.000 |
3.500 |
5.000 |
2 |
69 |
4.000 |
7.000 |
10.000 |
3 |
60 |
6.000 |
10.500 |
15.000 |
4 |
51 |
8.000 |
14.000 |
20.000 |
5 |
44 |
10.000 |
17.500 |
25.000 |
6 |
38 |
12.000 |
21.000 |
30.000 |
7 |
33 |
14.000 |
24.500 |
35.000 |
8 |
28 |
16.000 |
28.000 |
40.000 |
9 |
24 |
18.000 |
31.500 |
45.000 |
10 |
22 |
20.000 |
35.000 |
50.000 |
11 |
21 |
22.000 |
38.500 |
55.000 |
12 |
20 |
24.000 |
42.000 |
60.000 |
Табела 1. Вредност на мотоциклите и трициклите во однос на староста и поминатите километри
Ова значи дека ако на пример сте го купиле вашиот миленик за 1000 евра, после истекот на првата година неговата вредност изнесува 820 евра, после две години уживање со него, неговата вредност ќе изнесува 690 евра, а кога Вашиот миленик ќе наполни три години, неговата вредност ќе биде 600 евра, на четвртиот роденден неговата вредност ќе биде намалена на 510 евра и.т.н. се до неговата 12 година кога неговата вредност ќе биде намалена за 80 % од неговата набавна цена и ќе изнесува 200 евра.
За мотоциклите и трициклите постари од предвиденот век на траење, т.е. доколку вашиот миленик не можете да го сместите во ниту една графа од погоренаведената табела, тогаш неговата вредност ќе ја намалите по 0.2 % за секој нареден месец од неговата експлоатација, но најмногу до 10%.
Оваа пресметка со сигурност можете да ја земете во обзир само ако вашиот миленик е технички исправен, неговата километража е во границите на предвидената годишна помината километража и доколку истиот се наоѓа во возна состојба.
Со цел за да добиете пореална слика за вистинската цена на Вашиот миленик, во следнава табела ќе бидат наведени нормативите на корекција, доколку Вашиот миленик има поминато повеќе или помалку километри од просечната (предвидена) годишна километража на негова експлоатација.
До 50 кубика |
Од 50-250 кубика |
Над 250 кубика |
|
За повеќе/помалку поминати километри |
± 1000 |
± 1500 |
± 2000 |
Корекција |
± 1.5 % |
± 1.0 % |
± 1.0 % |
Максимална корекција до ± 10 % |
Табела 2. Корекција на вредноста на мотоциклите и трициклите во однос на поминатите километри
Ова значи дека ако на пример вашиот миленик е со кубикажа од над 250 кубика, а Вие имате поминато 10.000 километри помалку од неговата просечно - предвидена километража, тогаш неговата вредност ќе биде зголемена за точно 5 %. За исто толку проценти ќе биде намалена неговата вредност ако со Вашиот миленик сте уживале 10.000 километри повеќе од неговата просечна (предвидена) годишна километража.
Сега чисто информативно ќе наведам и некои други параметри кои што се земаат во обзир од страна на стручни лица (судките вештаци, проценителите во осигурителните компании и др.) кои професионално се бават и детално ја утврдуваат вредноста на користените возила, но Вие не мора да се замарате со нив. Сосема Ви се доволни и претходните две табели за да добиете коректна цена за својот миленик. Доколку некој од Вас сака во детали да ја пресмета реалната цена на својот миленик, тогаш во обзир треба да ги има и следниве параметри:
- Цена на ново набавен мотоцикл (со ист тип и карактеристики);
- Застареност на типот на мотоциклот;
- Дополнителна опрема;
- Инвестиционите вложувања во вашиот миленик (доколку ги има);
- Состојба на бојата на каросеријата;
- Траги на корозија;
- Состојба на тапацирот;
- Состојба на пневматиците;
- Надворешен изглед на моторот;
- Начин на експлоатација (Дали бил користен за трки,издаван, рентиран и сл.);
- Број на претходни сопственици и нивни занимања;
- Претходни штети (начин и квалитет на извршената поправка);
- Понуда и побарувачка, односно движењето на цените на пазарот.
Со почит и поздрав до следното читање
Постојан судски вештак:
дипл. сообр. инж.
Златко Кузмановски