Корисни текстови

Како да се вратите во форма после долгиот карантин

Успеавме! Конечно дојде пролетта, деновите се подолги и повторно можеме да уживаме во возењето.

Следете нè на:

Успеавме! Конечно дојде пролетта, деновите се подолги и повторно можеме да уживаме во возењето.

Иако повеќето држави ја укинаа забраната за движење, сепак многу држави препорачуваат да не се патува никаде далеку. Нема никакво сомневање дека летото 2021-ва ќе биде како никое друго во историјата. Но пред светот целосно да се отвори, треба да ја вратиме формата и да се потсетиме на правилното возење.

Во изминативе 12 месеци, ние како возачи се соочивме со голем број на ограничувања. Затоа овие први пролеттни денови треба да ги посветиме на вежбање на нашите вештини, бидејќи сигурно тие не се исти како и порано. Еве неколку совети.

Бидете искрени со себе

riding a motorcycle 2

Со месеци сте затворени дома и многу ретко имате излезено да возите. Нема ништо лошо во тоа да признаете дека ви треба одреден период за да се вратите во форма. Со ова си го намалувате и притисокот со кој се соочувате. Вашиот ум ќе биде отворен за нови работи а телото релаксирано. На овој начин ќе видите дека многу лесно ќе се вратите во препознатливата форма и ќе продолжите од онаму каде што претходно застанавте.

Возете малку сами

riding a motorcycle 3

Иако е дозволено да патувате заедно со други возачи, направете си услуга и до првите неколку дестинации возете сами. Барем се додека не ви се врати концентрацијата и навиката. Возењето во групи е одлично но доколку не внимавате, лесно може да ви се одвлече вниманието и да направите грешка.

А кога повторно ќе возите во некоја поголема група, не си правете дополнителен притисок. Ако некој е побрз од вас, оставете го и не се обидувајте да го следите.

Направете неколку вежби за телото

riding a motorcycle 4

Треба да бидете во добра форма. Под ова не се подразбира да почнете да трчате туку да го навикнете телото повторно да поминува одреден период качен на мотоцикл. Наместо да се обидете и да поминете преку 300 километри уште првиот ден, обидете се да ја вратите формата преку возење до неколку пократки дестинации. Доколку нагло поминете стотици километри, тогаш сигурно ќе ви се јават болки во вратот, рацете и рамената. А сигурно ќе имате и болки во нозете следниот ден.

Пократките дестинации ќе ви помогнат побрзо да се вратите во форма. Педесетина километри на секои неколку дена ќе ви помогне побрзо да се активираат мускулите. Пијте течности но немојте да јадете премногу пред да возите.

Опуштетете се

riding a motorcycle 5

Опуштете се и немојте премногу силно да притискате на рачките. И кога седите немојте да бидете премногу стегнати. Нежно притискајте на рачките и не заборавајте на дишењето. После неколку километри, притиснете малку повеќе на гаста, почуствувајте ја и моќноста која ја имаат сопирачките.

Тренирајте го мозокот

riding a motorcycle 6

Фразата „Колку сме постари толку сме подобри“ е вистина кога станува за менталните способности. Можеби сте биле во врвна форма пред 12 месеци, но без разлика какви се вашите возачки способноати, сигурно нема веднаш да бидете на истото ниво. Перцепцијата и набљудувањето ќе ви бидат ослабнати. Потребна е концентрација за да возите добро и затоа е потребен посериозен тренинг.

Побарајте професионална помош

riding a motorcycle 7

Без разлика дали сметате дека ви треба или не, од голема корист ќе ви биде ако поминете неколку дена заедно со професионален инструктор. Доколку не возите подолго време, лесно е да направите мали грешки. Но доколку не се внимава, овие мали грешки со тек на време ќе преминат во навика. Затоа, решете ги уште на почеток.

Доколку сте долгогодишен возач, сигурно нема да прифатите помош од инструктор. Но дури и да се идеален возач, со тоа што имате експерт покрај себе, ќе ви се зголеми самодовербата. А можете да научите и нешто ново кое во иднина би можело да ви го спаси животот.

Бидете внимателен

riding a motorcycle 8

Генерално гледано, вештините сигурно се ослабнати за време на карантинот. Некои од нас можеби возеа повеќе но има и такви кои многу малку го користеа мотоциклот. Но и на двата вида возачи ќе им биде малку чудно кога повторно ќе се најдат во сообраќајниот метеж. Ова е од клучно значење за сите возачи. Колку е поголема паузата, толку потешко ќе ви биде да се вратите во форма.

Бидете особено внимателени на раскрсници. Три од секои четири несреќи се случуваат на раскрсници а учесниците во сообраќајката изјавиле дека не го виделе мотоциклот. Затоа осигурајте се дека ќе ве видат сите учесници во сообраќајот.

Посетете некоја нова дестинација

riding a motorcycle 9

Штом ќе имаме целосна слобода, големи се шансите дека прво ќе се упатиме на некоја дестинација која ни е позната. Но, ако сакаме да се подобриме и да останеме концентрирани подолг период, треба да отидеме на некоја дестинација која не ни е позната. Покрај тоа, нема подобар начин ако сакате да откриете нови патишта и дестинации.

Внимавајте на дупките на патот

riding a motorcycle 10

Вашиот омилен пат можеби се променил од последниот пат кога возевте, затоа немојте да претпоставувате дека се е исто. Асфалтот можеби е оштетен а можеби се додадени и делови кои ја ограничуваат брзината. А можно е и да има поставено полициски радари на вашите омилени улици.

Проверете дали гледате добро

Ако работите од дома и поголем дел од времето гледате во екран, постојат шанси да има мало оштетување на очите и можеби ќе ви биде потешко да се фокусирате доколку гледате далеку. Направете тест за очи за да проверите да не имате некакви оштетувања. Исто така, почестете се со нов визир на вашата кацига.

Електрични скутери и нови возачи

riding a motorcycle 11

Во изминативе 12 месеци на улиците се појавија голем број на електрични скутери, затоа бидете внимателни. Исто така многу популарни се и велосипедите. Затоа треба да бидете екстра внимателни.

Добро загрејте се

Последен пат кога возевте можеби беше топол летен ден. Но дури и во октомври временските услови беа поволни. Сега пак би можело да е за 15 степени поладно. Можеби ви изгледа топло и сончево, но температурата сигурно е едноцифрена. Бидете особено внимателен ако вашиот мотоцикл е опремен со спортски пневматици.

Внимавајте на брзината

riding a motorcycle 12

Кога поголем дел од времето сте затворен дома и возите само поради специјални причини, повеќето од нас сигурно не возеле со брзина поголема од 75 км/ч. Поминете повеќе време со мотоциклот за да се навикнете. Немојте веднаш да почнете да возите брзо како да сте дел од некоја МотоГП трка.

Би можело да ве интересира

Островот Ман е сè само не прошетка низ паркот. John McGuinness Повторно со Honda на Isle of Man TT! Длабок наклон!

Денес на патеката Забел, Ст. Нагоричане се одржа третата и последна за оваа година трка во ендуро натпреварувањата. 

ОК Холивуд знае да не “отруе” со кованици создадени од имињата на познатите парови, но ја сфаќате аналогијата, нели? 

Можно ли е да се подобри моторот кој е ионака еден од најдобрите во среднотешката Adventure класа?

Откако кренаа голема галама по социјалните медиуми пред некоја недела, минатата недела потврдија дека не било се залудно. CFMoto го прикажаа во живо на саемот во Милано нивниот нов концепт SR-C21

Дали MotoGP е навистина најпосакуваниот мото шампионат меѓу возачите? 

Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.