Изборот на соодветни гуми е една од најважните одлуки што секој моторџија ја носи. Гумите се единствениот дел од моторот кој има директен контакт со асфалтот/подлогата. Само неколку квадратни сантиметри го одредуваат грипот, стабилноста, сопирањето и целосната безбедност. Поради тоа, изборот на „вистинската“ гума не е само прашање на цена или бренд, туку комбинација од повеќе фактори кои треба да ги разбереш пред купување.

gumi za motor n

Изборот на гуми секогаш подразбира одреден компромис. Ваша одлука е каде ќе го направите тој компромис. Која карактеристика ќе ви биде поважна, а каде ќе бидете спремни да „жртвувате“. Затоа секој избор на гума е личен избор, кој е резултат на поголем број фактори како: перформанси, цена, достапност, век на траење и сл.

За да ја донесете вистинската одлука, важно е да ги разберете на основно ниво различните типови гуми и нивните карактеристики. Целта е да не споредувате „баби и жаби“ и следен пат кога ќе дојде ред да одберете гума, свесно да донесете одлука, односно да го направите вашиот компромис соодветно.

Да повториме, не постои гума која ќе биде добра или најдобра во сите категории!
Подолу следи детален водич што ќе ти помогне да направиш информиран избор.

Каков тип на гума ти треба?

Секој стил на возење бара специјализирана гума. Изборот на типот е најважната одлука, нема „универзална“ гума за сите услови.

Спортски гуми

Идеални за брзо возење, агресивни свиоци и брзо загревање

  • Мека смеса → одличен грип
  • Краток век → побрзо се трошат
  • Најдобри на сув асфалт

Touring / Sport-touring гуми

Најбалансиран избор за повеќето возачи

  • Многу добри на дожд
  • Долговечни
  • Стабилни на долги патувања

Adventure / Dual-Sport гуми

Решение за возачи кои комбинираат асфалт и офроуд.

  • Различни соодноси (50/50, 70/30, 90/10)
  • Поагресивен профил за земја и чакал

Cruiser / Custom гуми

Оптимизирани за тешки мотори и долги дистанци.

  • Голема носивост
  • Комфор и стабилност

Off-road / MX гуми

Наменети за кал, песок, земја – не за асфалт.

Димензија и спецификации 

Прочитај ја страната на гумата. На страната на секоја гума постојат клучни информации.
Пример: 180/55 ZR17 (73W). Еве што значи:

  • 180 – ширина во милиметри
  • 55 – висински однос (процент од ширината на гумата)
  • ZR – radial конструкција, одговара за високи брзини
  • 17 – дијаметар на тркалото
  • 73W – носивост и максимален брзински индекс (секогаш земај ист или повисок од фабрички препорачаниот)

МНОГУ ВАЖНО: Не менувај димензија ако производителот не го дозволува – може да го наруши управувањето.

motorcycle tyre sidewall information

Конструкција: Radial vs Bias-Ply

Radial гуми

  • Поголема стабилност на висока брзина
  • Подобра прецизност во свиоци
  • Се користат кај најголем дел од модерните мотори

Bias-ply гуми

  • Поголема носивост
  • Корисни кај тешки крузери или ретро модели

МНОГУ ВАЖНО: Не мешај различни конструкции на ист мотор.

bias ply radial tires 1

Смеса (Compound): Мека, Средна или Тврда?

  • Мека смеса → најдобар грип, но краток век
  • Средна смеса → добар баланс
  • Тврда смеса → долг век, идеална за touring

Современите гуми често се dual-compound – тврда средина + меки страни → трајност + грип.

Шара (Tread Pattern) – повеќе од дизајн

Шарата контролира:

  • одвод на вода
  • стабилност на дожд
  • брзина на загревање
  • управливост

Спортските гуми имаат минимална шара → максимум гума на асфалт.
Touring гумите имаат повеќе канали → супериорен грип на дожд.

Во какви услови најчесто возиш?

Постави си ги овие прашања:

  • Дали возиш цела година?
  • Повеќе дожд / ладно време → Sport-touring гума
  • Главно суво и топло → Спортска или touring гума
  • Колку километри правиш?
  • Многу км годишно → Туринг модели (долг век)
  • Кратки излегувања и возење на патека → Спортски модели се оправдани
  • Дали возиш со совозач или багаж? Тогаш ти треба повисок индекс на носивост (Load rating).

Век на траење, одржување и проверка

Иако овој текст не е фокусиран на одржување и проверка, сепак важно е да се напомене дека треба редовно да се врши:

  • Провери на притисокот
  • Пукнатини, нерамномерно трошење
  • Истрошена, стврдната или оштетена гума мора да се смени

Не заборавај, изборот на гуми е комбинација од тип на мотор на кој треба да се користат, стилот на возење кој ти е најважен, условите во кои возиш, дозволени спецификации (индекси, димензии), буџет и достапност.

Со правилен избор, моторот станува побезбеден, постабилен и поблиску до она што производителот го имал на ум. И секако, најважно, вистинскиот избор на гуми овозможува максимално уживање.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: