Во последните години казните за возење под дејство на алкохол драстично се зголемија со цел да се намалат сообраќајните незгоди предизвикани од пијани возачи односно да се предомислат возачите да пијат кога возат.
Во секој случај, возењето на мотор под дејство на алкохол е премногу опасно без разлика на казните.
Прво и основно далеку е посмртоносно отколку возење автомобил под дејство на алкохол. Возачите на моторите ја немаат заштита која ја нудат каросериите на возилата, всушност според едно истражување на светската асоцијација за безбедност на патиштата, моторциклистите имаат 26 пати поголема веројатност да загинат во сообраќајна несреќа! Јасно е зошто е тоа така, се работи за причината заради која и возите мотор, слободата на патот, отвореноста. Но истовремено тоа значи и немање воздушни перничиња, појас и разни други безбедносни опции, само асвалт и многу возила околу вас.
Вториот факт кој укажува на големиот ризик е податокот дека моторциклистите се возачи кои најчесто завршуваат на детоксикација. Во споредба со останатите возачи на било каков тип на возила, моторџиите имале најголем процент на алкохол во крвта при сообраќајните незгоди.
Трето но не и најмалку важно, управувањето на моторцикл бара многу поголема координираност и спретност отколку управување со автомобил. Кога возите под дејство на алкохол рефлексите ви се успоруваат, погледот ви е заматен и сте помалку координиран.
Имајќи го сево ова во предвид, а знаејќи дека грешката чини живот, никогаш не заборавајте дека алкохолот и моторите НЕ одат заедно.