Овој виkенд од 21 - 24 мај се одржа собирот - Harley Davidson во Патра. Овој собир го посети мото клубот Speedy East-Велес. Се започна на 21 мај во 8 часот наутро со многу дожд но, сепак се одлучивме да тргнеме со надеж дека ќе престане.

 

Сепак тоа не се случи.Кога дојдoвме на првата патарина близу Катарини требаше да свртиме кон патот за Козани-Игуменица, каде почна да врне во изобилие, а во планините не фати магла и снег. Додека возевме и не поминуваа возила веројатно мислеа дека сме многу луди, но бидејќи ние бевме со брзински мотори, а по патот престигувавме и чоперисти значи дека не сме биле единствените.

Па што, тоа ти е "бајкерски живот", и се така 680 km до Патра. Бидејќи патувавме 13 часа, веднаш отидовме во хотел но уште истата вечер улиците беа преполни со harley и препознатлив звук од моторите кои не ни даваа мирен сон.

Следното утро имаше организирано возење по мостот Патра-Рио. Меѓу другото, официјално во кампот имаше 6000 бајкери, а во приватен аражман и хотели, околу 2-3 пати повеќе. На овој собир обично присуствуваат постари бајкери т.н. ветерани и од 80 год. на своите harly. Затоа не е случајно што овој собир е организиран со цел да се соберат најмногу harly на едно место, а со тоа и да се влезе во светските рекорди на Гинисовата книга.

Во кампот ние мислевме дека ќе можеме да влеземе пеш за да разгледаме подобро, но тоа не се случи оти мораш да имаш строго harley davidson и никаков друг, но затоа пак не пропуштивме многу од сето што се случуваше во кафичите и рестораните, каде ги брчеа своите мотори и ги палеа гумите како машина, а оние кои ќе сакаа да ги запалат по втор пат, летаа штрафови на сите страни но, не можеа да ги запалат затоа што таа машина тоа не го издржува.

Но,затоа пак harley има свој препознатлив филинг.Не можат да се видат два исти harley со толку многу дополнителна преправка и голема фантазија, додека брзинскиот не трпи преправки- само може да се фарба.

На 24 мај се враќаме назад :Патра-Коринт-Атина-Велес. Вкупно 960 km.

Следниот Светски собир идната година во Естонија

Back To Top