За Аргентинецот, Николас Кавиглиасо, релито Дакар 2019 беше само второ учество на овој настан. Но и покрај тоа, тој доминираше на поголем дел од трката и со неговата Yamaha YFZ-400 успеа да стигне до првата позиција.
Николас, кажи ни нешто за твоето минато. Се чини дека цел живот возиш вакви мотоцикли?
„Токму така. Quad возам уште од многу млада возраст. Отсекогаш бев позаинтересиран за нив отколку за класичните мотоцикли. Кога имав 16 години почнав да се натпреварувам во Крос категоријата и бев навистина добар. Сакам кога скокам со мојата машина. Неколку години се тркав во САД а потоа ме контактираа од Yamaha. После тоа повеќе бев насочен кон крос-кантри релито а токму тоа и ме донесе на Дакар.“
Твојот тим повеќе делува како на фамилија отколку на случајно одбрани луѓе...
„Во право сте. Моите браќа им помагаа на механичарите и се дел од логистиката. Со мојата девојка работам на насоката и на стратегијата. Силен тим сте кога им верувате на луѓето со кои работите.“
Доминираше во Quad класата. Како успеа да се подготвиш толку добро?
„Тренирав многу напорно и бев дел од речиси секоја трка. Возев по секакви терени. Учествував во „Пустинскиот предизвик“ , бев дел од трка во Чиле како и во голем број на трки ширум светот. Исто така ја поминав и целата територија на Аргентина, од Север до Југ.“
Ако можеш да одбереш еден момент од релито Дакар, кој би бил тој момент?
„Имаше навистина интересни случувања во текот на првата етапа. Поради правилата, беше одлучено возачите со најголеми броеви први да ја стартуваат трката. Јас го имав еден од најмалите броеви и стартував од последниот ред. Но сепак на крајот успеав да стигнам прв до целта. Успеав сите да ги претекнам.“
Како се случи соработката со Motul?
„Јас живеам во еден град во близина на Кордоба, кој е срцето на мотоспортот во Аргентина,и сите знаат за Motul. Минатата година, кога го имав првиот настап на Дакар, имав проблеми со транспортот на маслото од Аргентина во Перу. Кога ја видов нивната лабораторија, веднаш заминав да се видам со Николас Демарија кој ме запозна со 300V маслото. Оттогаш го користам само тоа.“