Во обид да го донесеме мото спортот поблиску до сите заинтересирани љубители на мотоциклизмот кај нас, го објавуваме првото интервју од серијата која ќе продолжи во наредните месеци. Наш прв соговорник е Сашо Николов - Тумац, од МК Тумац од Скопје, Шампион на Македонија во 2007.

Од кога возиш?

-Возам од 90-те години, нормално, како и сите останати почнав со помал мотор.

Кој беше првиот поголем мотор кој го возеше?
-Kawasaki GPZ 750

Од кога се бавиш професионално со трки?
-од 2000 година

Кога се оформи клубот?
- МК Тумац е регистриран во 2002-ра, од кога и се натпреварувам преку него.

Малце за возачите, на почетокот колку ве имаше?
- Првата година се возеше за Балканско првенство, а од Македонија имаше само 2-ца натпреварувачи.

А сега?
- И сега не се многу повеќе, има околу 5-6

Која од патеките на кои си возел ти оставила најголем впечаток?
- Дефинитивно патеката во Ријека - Гробник.

tumac3.jpg

На неа го имаш и најдобриот резултат?
- Па да, во конкуренција од 54 возачи, заради проблеми со моторот во квалификациите стартував како последен. Трката се бодуваше за Европското првенство, а јас успеав да завршам на 13-то место. Со оглед на ситуацијата дефинитивно е најдобар успех.

За оние кои не те познаваат, каков мотор возиш?
- Yamaha R1 од 2007 година, со сите можни модификации, значи моторот е спремен за superstock натпреварувањето.

Кога сме кај моторот, што би возел?
- Би возел само Yamaha или Kawasaki, ништо друго.

Свесни сме дека во Македонија мото спортот е на очајно ниво, што треба да се промени за работите да одат напред?
- Прво и основно треба да се среди стазата, значи Кичево да се поправи и да се направат зони за излетување. Имав и конкретен предлог за промена на стазата со кој со додавање на 500м асфалт целата стаза би се направила побрза, а во исто време и побезбедна. За жал предлогот остана само на муабет и ништо од тоа до сега не е реализирано. Кога би имале подобри услови, сигурно дека ќе има повеќе возачи. Замислете да може преку викенд наместо да се возите по улициве, да може да се отиде до Кичево и да се извози на стаза, кој не биго сакал тоа? А по такви возења секој ќе може да види дали го бива или не..

Каква е ситуацијата со спонзорите?
Многу е тешко, спонзори скоро и да нема, а на прсти се бројат оние кои вложуваат во мото спортот кај нас.

tumac1.jpg

 Што значи тоа, колку средства се потребни за да се извози една сезона?
Отприлика  20.000 евра, а со тој влог би биле на средина во однос на конкуренцијата. Значи требаат навистина многу пари за да постигнете добри резултати.

Како ќе ја поминете 2008-ма финансиски, има ли спонзори?
Па би сакал да им се заблагодарам на Термо Акустик, Авто Куќа - Dunlop, Мото Маркет, туристичката агенција Киниси, како и на порталот motori.com.mk за поддршката.

Кои се плановите за сезонава?
Во план е да извозиме четири трки од државното првенство на Македонија, осум трки за "Југоисточна Европска Зона", како и две трки Алпе Адриа.

Што почитуваш повеќе, MotoGP или World SuperBike?
World SuperBike

Кој ти е омилен возач?
- Норијути Хага, заради стилот на возење, дечкото вози многу храбро!

За крај, какво е твоето мислење за МФМ?
- Уште е рано да кажам било што, ќе оставиме времето да покаже дали потегот околу формирањето на МФМ е добар или лош.

tumac2.jpg
Back To Top