Овој викенд (19-20 јуни) во клаб хаусот на POTFAT MC лоциран на Водно ќе се одржи добро познатиот „Hill Party“.

11539245 653118988120945 7699312012446170445 o

Овој викенд (19-20 јуни) во клаб хаусот на POTFAT MC лоциран на Водно ќе се одржи добро познатиот „Hill Party“.

Мото клубот POTFAT MC Ве кани на својот мото собир кој ќе се одржи во клаб хаусот на Водно, лоциран веднаш над вториот паркинг на средно Водно. Настанот е отворен за сите (иако на постерот пишува дека е само за поканети), со напомена дека гостите треба да се придржуваат до куќниот ред на домаќините. Тој предвидува забрана за внес на алкохол, затоа ве молиме доколку носите свој пијалак, испијте го пред да влезете, во спротивно на рампата нема да бидете пуштени. Домаќините ги замолуваат гостите за време на собирот да не ги турираат моторите, едноставно доколку имате намера да горите гуми и да го „пукате“ моторот, не трошете џабе бензин до Водно. Во спротивно бендовите нема да можат да го покажат својот потенцијал, а гостите да уживаат во забавата.

Клубот се потруди максимално околу условите за собирот, па така освен пристаните цени за храната и пијалоците, за забавата ќе се погрижат бендовите: Shutdown, Eruption, Victims of Changes кои ќе настапуваат во петок и сабота. За сите оние кои ќе пијат алкохол, бидејќи возењето и пиењето не одат заедно, клубот обезбеди место за кампинг. Доколку планирате да пиете, понесете си вреќа и шатор за спиење. Клубот се оградува од сите инциденти кои можат да се случат надвор од оградениот простор.

Забавата почнува вечерва, нема одредено време за старт па затоа штом се стемни, добредојдени сте на Водно :)

Back To Top