Новиот Honda CTX1300 Deluxe пристигна во Хонда салонот на Макпетрол во Скопје.

IMGP6164

Новиот Honda CTX1300 Deluxe пристигна во Хонда салонот на Макпетрол во Скопје.

Хонда со право го најави моделот CTX1300 како идното скалило во еволуцијата на мотоциклите. Новиот модел доаѓа со V4 агрегат со зафатнина од 1261cm3, кој без проблем може да се справи со оние 332кг тежина на Deluxe моделот. 

Новиот CTX1300 е наменет за оние моторџии кои сакаат да патуваат, а притоа да уживаат во возењето. Моделот нуди одлична комоција како за возачот така и за совозачот, има ниско седиште кое допринесува за возливоста на моторот, а исполнет е со технологија која во секој поглед го прави возењето подобро.

Deluxe моделот кој е изложен во салонот на Макпетрол доаѓа од фабрика со ABS систем на кочење, греачи во рачките, блутут систем за радиото, жмигавци кои самите се гаснат, контрола на тракција како и затемнети елементи кои ги нема на „обичниот“ модел.

CTX1300 е опремен со куфери кои идеално ја дополнуваат стилската линија на моторот, изненадувачки но моторот од фабрика доаѓа со прилично уникатни гуми. Предната е 130/70R-18 додека пак задната е 200/50R-17, димензии кои одлично изгледаат на новите фелни.

Цената на овој модел во салонот на Хонда во Скопје изнесува 17.990 евра.

Back To Top