Викендот на 28-ми и 29-ти јуни, на локалитет Спомен Костурница, под покровителство на Општина Куманово, а во организација на „Саунд Репaблик“ (Sound Republic) и „Горила Продукција“, ќе се одржи првиот „Револушн фестивал“ (Revolution Festival).

plakat-kumanovo

На самиот почеток на летово, Куманово ќе биде местото кое ќе ги собере најдобрите алтернативни, рок и хип-хоп групи, диџеи од земјава и регионот.

Викендот на 28-ми и 29-ти јуни, на локалитет Спомен Костурница, под покровителство на Општина Куманово, а во организација на „Саунд Репaблик“ (Sound Republic) и „Горила Продукција“, ќе се одржи првиот „Револушн фестивал“ (Revolution Festival).

Револуцијата првиот ден ќе ја започнат тетовските алтернативци "Скајрајз" (Skyrise), како кумановските хип-хоп звезди, Подземан Ефект. Забавата ќе продолжи со настап на нашиот најиновативен бенд "Фулиш Грин" (Foolish Green), а кулминација на вечерта ќе биде настапот на култните Нокаут. Скопското дуо "Aутмајнд" (Autmind) ќе продолжи со размрдување на публиката, а за забавата до доцните утрински часови ќе бидат задолжени едни од најдобрите домашни диџеи, "Флудер" (Flooder) и Зоки Бејбе.

Саботата ќе продолжи со „револуционерите“: кумановските бендови Вандал и Ептен, гостите од Србија "Гаддем" (GodDamn) како и најпопуларниот македонски бенд за 2012, “Пеперминт” (Peppermint), а за музичкото „ослободување“ на Куманово ќе „пукаат“ Ајс Нигурин, Скај Виклер и Тимбе, или со еден збор најголемата хип-хоп атракција од Србија, "Бед Копи" (Bad Copy).

Во екот на саботната вечер, Костурница ќе ја "тресе" македонската диџеј легенда, Гоце САФ, додека фестивалот со свој сет ќе го затвори кумановскиот диџеј Никола. Како што веќе напоменавме, првото издание на овој дводневен „Револушн фестивал“ ќе се одржи на кумановската Костурница на 28 и 29 јуни со почеток во 19:00 часот.

Влезниците ќе бидат пуштени во предпродажба на 5-ти јуни по промотивна цена од 300 денари за блок карта од два дена преку продажните места на Купи Карти За Се, Бар Кјуб и Паперино Мото Шоп. Кумановци важат за една од најдобрите публики, секогаш спремна за забава, додека организаторите ветуваат фестивал на светско ниво.

Настанот е медиумски поддржан од мотори.ком.мк

Back To Top