dedo-mraz-na-motor-2013

Мото клубот Мечки од Куманово по седми пат ја организираат хуманата акција „Дедо Мраз на мотор“, на 26 декември 2014 со почеток од 12 часот.

Собирањето ќе биде во „BikerPub“ (Station Caffe) во Куманово во 11 часот, за во 12 да се посетат дечињата од Дневниот центар за лица со посебни потреби во Куманово.

До настанот има две недели, најавата ја правиме сега со цел да имате доволно време да се подготвите, да си купите костим или капа од Дедо Мраз кои се продаваат за смешна сума во скоро секоја продавница за играчки.

За галеријата од минатата година кликнете овде.

Како и до сега, независно од временските услови акцијата ќе се одржи. Предновогодишните празници се одличен период барем на момент да им ја вратиме насмевката на овие дечиња. Оние кои до сега учествувале во акцијата ќе знаат за што пишуваме, па нека биде ова покана до сите моторџии да ја направиме нај-масовната акција до сега.

 

Back To Top