Министерството за внатрешни работи денеска ќе добие донација од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

vecer-skuteri

Министерството за внатрешни работи денеска ќе добие донација од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Сообраќајната полиција ќе добие нови скутери „Sym HD2 200i“, кои ќе ги надополнат сегашните „Piaggio Beverly 125“ со кои располага одделението. Се работи за скутер кој има мотор со зафатнина од 171цм3 и развива 16,5кс. Четворотактниот мотор со водено ладење со одликува со ектремно забрзување од 0-20км/ч, брзо достигнува 40км/ч, како и 60км/ч, а максималната брзина која може да ја достигне е 120км/ч.

Скутерот има сува тежина од 139кг (145кг комплет), телескопски вилушки напред, дискови за кочење напред и назад, резервоар со капацитет од 7,8 литри. Тркала со димензии од 16 инчи овозможуваат лесно маневрирање и удобно возење, па сето ова ставено на куп, МВР доби скутер со кој без проблем ќе се справи со сообраќајниот метеж и скутерџиите кои не ги почитуваат сообраќајните знаци и правила.

Според информациите на весникот „Вечер“, договорот за донација ќе го потпишат министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Никола Ангелковски.

Донацијата се состои од скутери кои Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ги наменува за потребите на сообраќајната полиција.

Back To Top