Почнуваат обуки за средношколци од Куманово за управување велосипеди со мотор, во рамки на проектот „Безбедно управување со мопед“, кои ги организира кумановската полиција во соработка со Сообраќаен испитен центар.

- Досега се пријавени околу 250 ученици поделени во групи, кои ја почнаа обуката за полагање за  М-категорија. Целта е да се подигне свеста кај учесниците во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи, а со тоа и поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот - изјави Виолета Богдановска од одделението за превенција при СВР Куманово.

Во соработка со сообраќајните испитни центри, на учениците им е обезбедена бесплатна теоретска обука, а и цената за полагање за оваа категорија е значајно намалена и изнесува 410 денари.

Проектот ги опфаќа учениците од 14 до 16 години од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, Кратово, Крива Паланка и Ранковце.

Извор: +Инфо

Back To Top