Компанијата Ауто Трејд (Auto Trade) е единствениот 3S Дилер на Honda за нашиот пазар.

Светските превирања во автоиндустријата неминовно водат кон промени и на нашиот пазар.

Најавени или се во тек крупни промени во претставувањето на светските производители.

13a

Додатно на светските кризи предизвикани од пандемија и војната на европско тло, хендикеп на македонскиот пазар претставува и големината. Односно безначајноста во бројот на продадени нови автомобили.

Окрупнувањето на регионално ниво претставува едно од можните решенија со најголема веројатност за опстанок.

Во низата промени кои беа најавени уште пред пандемијата една дочека своја конечна реализација – компанијата Ауто Трејд е единствен 3S Дилер на Honda за нашиот пазар.

Тоа значи дека ги презема продажбата, сервисирањето и набавката на резервни делови за автомобилите и мотоциклите на јапонскиот производител.

На неформално организираното дружење во салонот сместен на ул. Скупи бр. 37 (поранешен продажно-сервисен центар на Hyundai) јавноста беше службено известена за преземените обврски.

И покрај проблемите во производството предизвикани од недостатокот на компоненти, домаќините не уверија дека ќе направат напори за обезбедување доволни количини од сите актуелни модели.

Да констатираме уште еднаш, отсега екслузивата за продажба, сервисирање и обезбедувањето на резервни делови за автомобилите и мотоциклите на Honda ги презема компанијата Ауто Трејд (Auto Trade).

На Ауто Трејд му посакуваме успешно претставување на производите на јапонскиот производител.

Извор: autoinfo.mk

Back To Top