Патеката Волково викендов беше домаќин на третата трка во сезоната од Сакамото купот во трки со скутери, супермото и минимото.

volkovo3-13

Патеката Волково викендов беше домаќин на третата трка во сезоната од Сакамото купот во трки со скутери, супермото и минимото.

Пеколното јулско сонце викендов максимално им ги отежна условите на малкутемина храбри момци кои се појавија на патеката Волково за третата трка во сезоната од Сакамото купот. Бевме сведоци на трки со скутери, супермото и секако надежта на македонскиот мотоциклизам, дечињата во класата минимото.

Заради малиот број на учесници се возеа вкупно три трки, по две класи во секоја девизија освен кај најмалите.

Кај класата скутери до 50 цм3 победник беше Илија Петрушевски, а второто место му припадна на Горан Димитровски, во класата скутери над 50 цм3 победи Стефан Кондосоров, додека пак на второ место се искачи Далибор Серафимов.

volkovo3-45

Во Супермото трките Христијан Бузалковски беше подобар од Баже Шишковски во класата до 250 цм3, додека пак домаќинот Слободан Ивчески немаше конкуренција во класата до 450 цм3. Импресионираше возењето на Бузалковски кој од трка во трка е се подобар, а секако тука е и неговиот тркачки став кој му дава самодоверба па на доделувањето на медалите на коментарот дека титулата е се поблиску до него тој изјави: - Не е блиску, моја е!

За сите слики од трките кликнете овде.

Најмладите возачи во класата минимото ни приредија интересна трка во која Лука Милошевиќ беше убедлив пред Филип Јаневски, и Лео Ивчески на третото место. Навистина е уживање да се гледаат младите надежи како возат по патеката, се надеваме дека во иднина повеќе родители ќе ги мотивираат своите деца од мали нозе да се насочат кон спортот, за во иднина да пресраснат во носители на македонскиот мото спорт.

volkovo3-36

Жално е што трките не добија поддршка од МФМ да се бодуваат за домашен шампионат, возењето на куп исто така се бодува до крајот на сезоната кога ќе бидат прогласени и шампионите по класи, но возењето на трки од домашното првенство носи поголема тежина. Во моменти кога ни умира мото сцената и нема никакви случувања треба да се поддржат организаторите на секој можен начин, да се седне на заедничка маса, да се испеглаат недоразбирањата и да се продолжи напред, за доброто на мотоциклизмот, мото спортот, за дечињата кои утре ќе сакаат да возат трки и да не претставуваат надвор од државава.

Back To Top