Изминатиов празничен викенд се одржа првата локална МХ трка во близина на Прилеп, поточно кај селото Старо Лагово. Променливите услови донесоа возбуда и интересни трки во две различни сценографии. 

 lagovo 2022 hristijan ilioski 1

Ова беше првата трка од националниот шампионат, а во исто време трките беа и дел од интернационалниот БМУ Мотокрос шампионат. По тој повод на патеката во Лагово пристигнаа и бројни натпреварувачи од Турција, Бугарија, Романија и Италија. Но, за жал заради технички причини и недоразбирања натпреварувачите од Романија и Бугарија одлучија да не се натпреваруваат па во трките во саботата и неделата доминираа турските и македонските возачи. 

ГАЛЕРИЈА - ЛАГОВО 2022

Двата дена се одвиваа по две различни сценарија. Првиот ден под пролетното сонце натпреварувачите се бореа со прашината и видливоста на патеката. Вториот ден, по обилниот дожд проследен со град кој го прекина малку порано првиот ден, патеката беше подгтовена за вистинско ужување за возачите. Секако сега немаше прашина но за попречување на видливоста туак беше калта која се лепеше на наочарите на натпреварувачите. 

lagovo 2022

Трки се одвиваа во вкупно 7 класи, а веројатно највозбудлива беше MX2 каде младиот Антонио Дамјановски како дебитант во оваа класа во двете трки по одличната борба со турскиот претставник Батухан Демирол успеа да дојде до две победи. 

mx125 lagovo 125

Во најсилната класа немаше поголеми изненадувања, локалниот херој Христијан Илиоски издоминира на две трки освојувајќи го првото место. 

nina olluri 99 lagovo 2022

Како и секогаш највозбливи и најатрактивни за следење беа помали категории каде децата се мачеа да излезат од калта, буквално. Во најмалата категорија MX50 срцата на сите присутни ги освои малата Нина Олури која со свои неполни 6 години го демонстрираше својот талент упорност и посветеност. 

lagovo 2022 mx 125

Резултати

MX50
1. Нина Олури 
2. Аслан Османпасаоглу 
3. Поираз Бор - 40 поени

MX65
1. Ефе Окур
2. Хасан Хусеин Бас
3. Баркај Сарај

MX65 Национален шампионат
1. Стефан Ѓоргиевски
2. Митко Чавков
3. Михаил Мрчковиќ

MХ85
1. Огнен Тодоров
2. Алексеј Стојковски
3. Али Акафа

MХ85 Национален шампионат
1. Огнен Тодоров
2. Алексеј Стојковски
3. Стефан Мрчковиќ

MX2/MX125
1. Антонио Дамјановски
2. Батухан Демирол
3. Марко Регаљо

MX2/MX125 Национален шампионат
1. Антонио Дамјановски
2. Денис Николиќ гареја
3. Андреја Крањевски

MX 
1. Зоран Каранфиловски
2. Секир Сенкалаучи
3. Ерај Есентурк

MX Национален шампионат
1. Зоран Каранфиловски
2. Милан Стојанов
3. Ангелче Стојковски

MX Senior
1. Слободан Ивчевски
2. Никола Георгиевски
3. Петрос Тансоусис

MX1
1. Христијан Илиоски
2. Гоце Томовски Георгиевски
3. Галип Аип Бајсан

MX1 Национален шампионат
1. Христијан Илиоски
2. Гоце Томовски Георгиевски
3. Васко Киров

Погледнете ја целата галерија - ЛАГОВО 2022

Back To Top