МОТО КЛУБ "МК Пелистер " од Битола е организатор на мотокрос натпревар кој ќе се одржи на 10ти Октомври 2021год. на патеката Смолево во Битола.

ПОСЕБЕН ПРАВИЛНИК ЗА Смолево 2021

motokros bitola 2021

Патеката ќе биде слободна за Тренинг од 29.09 до 02.10 2021, потоа се забранува секакво тренирање, на патеката ќе се извршува санација и подготовка за трката во случај да има измени ќе бидете навремено известени .

Сабота, 09.10.2021
9:00-14:00 Слободен Тренинг

Недела 10.10 2021
Редослед на програмата е еднодневна за 10-ти Октомври.
- 08:00-09:00 технички преглед и верификација во бокс за возачи
- 09:00-09:10 прва седница на жири
- 09:30:09:50 службен тренинг MX85 (задолжителни 3 круга)
- 09:55-10:20 службен тренинг МХ1+MX2 (задолжителни 3 круга)
- 10:25-10:45 службен тренинг МХ3 (задолжителни 3 круга)
- 11:00-11:15 втора седница на жири
- 11:30 Свечено отварaње на трката
- 11:30-11:50 прва трка MX85 (15 минути плус 2 круга)
- 12:00-12:30 прва трка MX1+МХ2 (25 минути плус 2 круга)
- 12:35-12:55 прва трка МХ (15 минути плус 2 круга)
- 13:45-14:05 Втора трка МХ85(15 минути плус 2 круга)
- 14:10-14:40 втора трка МX1+МХ2 (25 минути плус 2 круга)
- 14:45-15:05 втора трка МХ (15 минути плус 2 круга)
- 15:30 трета седница на жири
- 15:45 прогласување на победници

Дозволено е учество на сите мотоцикли кои ги исполнуваат прописите распишани од страна на МФМ.

Адресата на организаторот е :МК Пелистер Битола, тел: 071 263 603.

За галеријата од минатогодишната трка кликнете овде.

Пријави за трката се доставуваат најкасно до 8ми Октомври 2021, по елeктронска пошта на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Организаторот го задржува правото за промена на правилата доколку тоа е потребно по основ на техничка или комерцијална природа, или причини од страна на јавноста. Организаторот ќе ги известува учесниците за какви било промени и новости во натпреварот.

Овој Посебен правилник е усвоен од МК Пелистер Битола и од Комисијата за мотокрос на МФСМ 28.09. 2021 год. Бидејќи трката ќе се одвива во услови на пандемија од КОВИД-19 се молат возачите и нивните екипи да се придржуваат да протоколите пропишани од Министерството за Здравство за справување со пандемијата.

Back To Top