Мото клубот Мото Велес го претстави тимот кој ќе ги брани боите на клубот и градот Велес во новата натпреварувачка сезона.

11101691 10200571617729525 496472065 o

Мото клубот Мото Велес го претстави тимот кој ќе ги брани боите на клубот и градот Велес во новата натпреварувачка сезона.

Тоа се Ванов Драган, повеќекратен државен вицешампион во мотокрос класа 85 и 125 кубика, актуелен шампион во ендурокрос, ендуро и супермото, и Марин Сугарев, нашиот најуспешен натпреварувач во брзински мотоциклизам класа125, во Источно Европскиот шампионат со освоено четврто место, кој од оваа година е член на клубот и ќе се натпреварува и во мотокрос и ендуро натпреварите.

Воедно на првите тренинзи ги претставија и новите тркачки машини, Kawasaki 450 и Suzuki 450, со кои ќе атакуваат на титулите. Во тимот исто така се и Јове Иванов од Велес, освојувач на бронзениот пехар во супермото и мотокрос, и неколку искусни возачи од Скопје, Горан Тасиќ шампион во ендуро, искусниот оф-роудер Љупчо Ничевски и Здравко Младеновски супермото и ендуро натпреварувач, кој очекуваме да го набави новиот мотор од Италија и да се приклучи на тренинзите, и велешанецот Виктор Караколев, кој донесе драгоцени бодови во ланскиот мотокрос шампионат.

На натпреварувачите им посакуваме успешна сезона и многу успеси во еден од нај екстремните и најопасни спортови.

Back To Top