Во организација на Мото клубот ЛТД Спортс од Битола, а  под покровителство на Мотоциклистичката федерацијата на Македонија во недела, 12 октомври на легендарната патека Братиндол крај Битола, ќе се одржи третата трка од отворениот Шампионат на Македонија во мотокрос за 2014 година.

10578667 10152415087143869 231105399 n

Во организација на Мото клубот ЛТД Спортс од Битола, а  под покровителство на Мотоциклистичката федерацијата на Македонија во недела, 12 октомври на легендарната патека Братиндол крај Битола, ќе се одржи третата трка од отворениот Шампионат на Македонија во мотокрос за 2014 година.

Оваа трка, за прв пат ќе има меморијален карактер и е посветена на Тони Гулевски-Бабушот, човекот кој даде огромен придонес за развојот на  мотокросот како во Битола, така и во Република Македонија.

Досега е најавено е учество на  30-тина учесници од Македонија и соседните држави. Од 10:30 до 11:30 ќе бидат одржани квалификациите за стартни позиции, во 11:30 е предвидено свеченото отворање, а првата трка ќе започне во 12 часот. Натпреварувачите се поделени во 3 класи: МХ1, МХ2, МХ3, а најдобрите по класи во вкупен пласман по двете возења ќе се искачат на победничкиот подиум во 14:30.

Од мое име, а и од името на семејството Гулевски голема благодарност до сите оние кои што помогнаа оваа трка да се одржи во чест на нашиот драг колега моторциклистот Гулевски - изјави Борче Костов, претседател на организациониот одбор.

Извор: МФМ

Back To Top