Повторно доаѓаме во она време во годината во кое ја запознаваме подобро Македонија на 2 тркала.
Единствен настан кој излезе поотпорен од пандемијата е мото релито во честа на Независноста на Македонија кој не престана да се одржува од осамостојувањето. Оваа година по триесет и прв пат ќе се одржи релито со старт на плоштадот Македонија во Скопје, а трасата кој ќе ве води низ нашите градови ќе се извози во 3 етапи, односно во 3 дена по следниот распоред:
Почеток во 10 часот од Плоштадот Македонија во Скопје (02.09.2022)
Ден 1: Скопје - Куманово - Свети Николе - Кочани пауза, Доручек-Виница - Берово - Струмица пауза за освежување - Дојран - Ноќевање. Вечера 20.00ч на плажа “Стејџ” каде ќе има организирана забава
Ден 2: Дојран - Гевгелија - Неготино - Кавадарци - пауза освежување - Прилеп - Битола - Ресен - Охрид - Ноќевање. Вечера во ресторан Бонанца до Хотел Силекс Охрид во 20.00 час.
Ден 3: Охрид - Кичево пауза освежување - Стража - Тетово - Скопје
Финиш во Скопје пред Спортска сала Борис Трајковски.
Котизацијата за учество во настанот изнесува 1.200 денари за возачот и 1.000 денари за совозач доколку го има. Пријавувањето е најдоцна до 26-ти август на следната сметка или во просториите на Федерацијата:
Жиро сметка: 210-0629307701-96
Назнака: Котизација за Рели Македонија 2020
Мотоциклистичка Федерација на Македонија
НЛБ Тутунска Банка Скопје.
Како и обично ќе го покриваме настанот, така што очекувајте убави фотографии од целиот настан!