Христијан Бузалковски, нашиот најмлад натпреварувач во брзински мотоциклизам, ја опишува оваа сезона како една која треба да биде заборавена, но вели дека тој и неговиот тим гледаат да бидат чекор подобри од минатата година.

Христијан Бузалковски, нашиот најмлад натпреварувач во брзински мотоциклизам, ја опишува оваа сезона како една која треба да биде заборавена, но вели дека тој и неговиот тим гледаат да бидат чекор подобри од минатата година.

buzalkovski seres 16 2

„Иако оваа сезона имаме многу проблеми, дали тоа било пад, или технички проблем, ние гледаме да бидеме што е можно подобри од лани, во однос на времето на патеките кое го имам остварено можам да кажам дека во тоа сме подобрени. Тенка е линијата помеѓу брз мотор и технички проблем, поготово кога станува збор за двотактна машина, која не се знае кога може да откаже.“ - вели Бузалковски

buzalkovski seres 16 3

„Но секако таков е спотот и мора да се помириме со тој факт, нема лутење, нема нервирање, нема окривување никого, едноставно така требало да биде и тоа е тоа, продолжуваме со санирање на проблемот доколку е можно и повторно излегување на патеката и правење што е можно подобро време, се разбира доколку моторциклот го дозволи истото.“

buzalkovski seres 16 4

„Точно е, оваа е една од сезоните кои не би сакал да се повторат, но можам да кажам дека досега на сите патеки си го имам подобрено мојот личен рекорд од минатата сезона, иако на сите патеки до сега немам завршено (Освен на последната трка во Серес). Во овие тешки моменти мене и на мојот тим единствена мотивација ни е да го подобруваме уште повеќе времето и секако напорно работиме на тоа. Се надевам дека малерите полека полека си одат, и дека конечно ќе извозам како што јас и мојот тим посакуваме. Благодарам #Gaas71 #NeverGiveUp“ - дополнува Бузалковски за мотори.ком.мк

За сите новости следете го Христијан Бузалковски на неговиот официјален фан пејџ: https://www.facebook.com/HristijanBuzalkovski71/?fref=ts

Back To Top